Подарок за 1 читателка: Парфем BVLGARI Splendida Patchouli Tentation

Вистинско сензуално доживување

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Орбико“ подарува неодолив парфем BVLGARI Splendida Patchouli Tentation за 1 читателка на јулскиот број на списанието за жени „Убавина и здравје“.

BVLGARI Splendida Patchouli Tentation е новата нежна комбинација на триото од растението пачули: плодовите, ливчињата и цветот. Нагласено и заживеано со сочни плодови и ливчиња во прав.

Првото нанесување поздравува со земјените ноти на пачули, дополнети со слатките сочни нијанси на слатка праска.

Потоа еволуира во цветен тон, бидејќи срцевината се меша со ексклузивните цветови на пачули, нагласени со прашкестите ноти на цветот на перуника.

Мускатната основа се задржува на кожата како мешавина на листот на индонезиско пачули со бел мошус, за сензуална и провокативна заднина што нуди рамнотежа и софистицираност.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Орбико и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во август.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.