Кога ќе го прочитате ова, никогаш повторно нема да фрлите кора од лимон: 6 генијални примени за кои веројатно не сте знаеле!

Кората од лимон е исто толку корисна како и самото овошје

Сите веќе добро знаеме колку е корисен лимонот за нашето здравје, а особено за зајакнување на имунитетниот систем, и дали знаевте дека кората од лимон е подеднакво корисна?

Еве како сè може да се користи:

1. Ги отстранува непријатните мириси

Кората од лимон ги апсорбира сите непријатни мириси. Може да ја ставите на дното на кантата за отпадоци или во патики или чевли, ако имате проблем со непријатен мирис на стапалата.

2. Исчистете ја микробрановата печка

Ставете кора од лимон во сад со вода, а потоа во микробранова печка. Вклучете ја највисоката температура и топлината околу 5 минути. На овој начин, ќе исчезнат бактериите, како и непријатни мириси кои се создаваат со честа употреба.

3. Ослободете се од мравките

Лимонот има природна арома која е одбивна за мравките, па така, лесно и безболно ќе се ослободите од нив. Доволно е да ја поставите кората од лимон на „проблематичните“ места.

4. Освежете го фрижидерот или машината за миење садови

Ставете неколку кори од лимон во фрижидер, машина за миење садови или рерна. Тие ќе апсорбираат непријатни мириси и ќе му дадат на вашиот фрижидер свеж и пријатен мирис.

5. Чистење на кожата

Исчистете го лицето со кора од лимон ако имате проблем со акни или кожа која брзо се масти. На овој начин ќе го регулирате лачењето на себум, но исто така ќе ги намалите дамките и ќе го изедначите тенот.

6. Белење на заби

Содржината на киселина во кора од лимон може да ви помогне да ги елиминирате дамките на забите. Тријте ги забите со внатрешниот, бел дел од кората од лимон неколку минути. Потоа исплакнете со млака вода. Повторувајте го третманот од време на време.

Прочитајте и: Како да се ублажат изгорениците од сонце на природен начин

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.