5 правила за младешки и негуван изглед

Годините минуваат, но тоа не значи дека со нив треба да помине убав и негуван изглед.

Имено, за да одржите убав и младешки изглед, доволно е да следите неколку едноставни правила, на кои ве потсетуваме подолу:

1. Правилно будење

Посветете си малку време наутро, тоа ќе ви помогне полесно да го поминете напорниот ден. Откако ќе го слушнете алармот, скокате од креветот, подготвувате кафе, го пиете за неколку минути и истрчувате од куќата. Ако вашето утро изгледа вака, правите голема грешка, бидејќи ништо не влијае на стареењето како стресот. По будењето, најдобро би било да се истегнете, да направите неколку вежби и да се почастите со лесна масажа на лицето и главата. Масажата на главата ќе ви помогне да се разбудите, да го активирате лимфниот систем и да го подобрите вашето расположение. На овој начин ќе бидете подготвени за претстојниот ден.

2. Пијте доволно вода

Сите младолики жени го започнуваат денот со голема чаша вода. Тие исто така пијат барем уште 1,5 литри вода во текот на денот. Хидратацијата е клучна за одржување на убавиот изглед. Ако на телото му недостасува течност, првите знаци се видливи на лицето. Изгледа уморно и се појавуваат темни кругови.

3. Избор на вистинска храна

Сè што јадеме и пиеме се рефлектира во состојбата на кожата. Затоа е многу важно да се направи вистинскиот избор кога станува збор за храната. Размислете за воведување на леќа во вашата исхрана. Покрај тоа, доволното внесување на зеленчук и храна богата со витамин А значително ќе влијае на убавиот изглед на кожата.

4. Практикувајте масажа на лице

Масажата на лицето ги затегнува мускулите, а со тоа лицето изгледа младешки. Докажано е дека масажата на лицето ја стимулира циркулацијата, ја враќа еластичноста и сјајот на кожата.

5. Витаминот Ц игра клучна улога

Витаминот Ц се бори против уморна кожа, слободни радикали, го стимулира производството на колаген и ги намалува пигментните дамки, поради што сите младолики жени својата нега ја темелат на креми со овој витамин.

Прочитајте и: Предности и недостатоци на природната козметика

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.