Предности и недостатоци на природната козметика

Во морето на препарати кои нѐ опкружуваат од полиците, честопати понесени од реклами и шарени амбалажи, забораваме на главната задача на козметиката.

Козметичките производи се тука за да ја хранат и негуваат нашата кожа, доколку е потребно за да ја заздрават и да го вратат нејзиниот природен сјај. Во последниве години, ова е токму причината зошто сѐ повеќе луѓе зборуваат за природна козметика. Подароците на природата не се воопшто скромни, а магичните масла и минерали се корисни не само за кожата, туку и за целиот организам.

Користејќи природна козметика, се потпираме на холистички пристап кон негата. Неизбежно е сите супстанции што ги ставаме на кожата или ги внесуваме преку храна да остават трага на телото. Со природните состојки во производите што ги користиме, придонесуваме за општата благосостојба на нашиот организам.

Природните материи на уникатен начин помагаат во процесот на регенерација, исхрана на кожата, одржуваат природна влага и бранат од штетни влијанија. Интересно е и тоа што се забележува дека употребата на природни состојки во козметиката ги елиминира опасностите од иритација и некои алергии, кои се сè почеста болка во современото општество.

Кожата е орган кој многу добро се сеќава. Ако ставите вештачки супстанции, оние што се сосема туѓи и излишни на кожата, реакцијата што следи е дека кожата ја заборава својата функција. Тaa не може да „диши“, добива илузија на нега и веројатно нема да може да се справи со иритациите што можат да се појават.

ФОТО: Getty Images

Ова не е случај со природната козметика. Вистинската, органска козметика ги има сите хранливи материи кои правилно ја хранат кожата, и немаат агресивно продирање во површинскиот слој на кожата, што не ги заглавува порите.

Природната козметика оди рака под рака со најважните еколошки концепти. Заштитата на животната средина и одржливиот развој се дел од „идеологијата“ што природната козметика ја носи со себе. Нема место за хемикалии, вештачки бои, парабени, конзерванси или парафински масла во производството на природни препарати, кои на многу начини се штетни за човечкото тело и го нарушуваат биодиверзитетот.

Она што се издвојува како можен недостаток на природната козметика е тоа што не претставува инстант решение за проблем. Едноставно кажано, овој вид на нега не носи со себе упатства како на кеса со супа и да го реши проблемот преку ноќ. Понекогаш проблемот може да се појави во процесот на преминување од обична, конвенционална козметика во природна. Имено, поради намалувањето на отпорноста заради употреба на тешки, силиконски препарати, кожата реагира бурно на почетокот на употребата на природна козметика. Тогаш сите акумулирани токсини се исфрлаат и може да се создадат иритации на чувствителна кожа.

Треба да се има на ум дека површинскиот слој на кожата се обновува за еден месец, а ефективноста на природните препарати може да се забележи по тој период. Со трпеливост и континуирана употреба, има суштинска промена.

Прочитајте и: Еве зошто некои жени изгледаат и до 10 години помладо: Тие ги почитуваат овие 5 едноставни правила

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.