За бујна и сјајна коса: Оваа билка ќе ви ја зајакне косата и ќе го сопре несаканото опаѓање!

Проверено функционира

Сезонското зголемено опаѓање на косата напролет и наесен се смета за нормално, но сепак можете да го ублажите драстичното губење волумен на косата

Опаѓањето на косата, во некои оптимални количини, се смета за нормално, особено напролет и наесен. Меѓутоа, причините за опаѓање на косата може да имаат и друго потекло – некогаш тоа може да биде стрес, некогаш лошата исхрана и пад на имунитетот, а понекогаш станува збор за генетски фактори.

За што и да станува збор, губењето на косата може да се спречи или драстично да се намали по природен пат, а во тоа ќе ви помогне лавандата.

Лавандата е билка која е позната по бројните благотворни дејства на организмот, а се покажала и како делотворен чувар на косата и кожата на главата.

Кога станува збор за опаѓање на косата, лавандата ќе биде најделотворна, ако ја користите на следниов начин:

Земете 15-20 г исушени цветови на лаванда и измешајте ги со 25 г суви цветови на камилица. Прелејте ја оваа комбинација на билки со 3 л вода и варете додека зоврие. Исцедете ја и оладете ја мешавината, па во добиениот чај додајте уште 50 мл свежо исцеден лимонов сок.

Измијте ја косата на вообичаениот начин, но наместо последното плакнење со вода, измијте ја косата со мешаниот чај од лаванда. Користете ја мешавината при секое миење најмалку еден месец, а резултатите ќе бидат силна, отпорна, сјајна коса, која драстично помалку опаѓа.

Ја обновува и најоштетената коса од корен: Фризерите се воодушевени од оваа маска од 3 состојки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.