Вивиен Вествуд (79) ги отворила вратите од својот дом во Лондон: Прекрасна градина и креативен хаос! (ФОТО)

Погледнете

Славната дизајнерка која живее во Лондон со својот дечко, уметникот Андреас Кронталер, открила дел од својот дом кој изгледа изненадувачки нормално, но сепак, присутна е разиграната креативност што е карактеристична за нејзините креации

Вивиен Вествуд (79) живее со 54-годишниот партнер Кронталер во класичен стан во Лондон, а имаат и мала градина во која одгледуваат рози и други шарени цвеќиња.

https://www.instagram.com/p/B-w0hJhgRcg/?utm_source=ig_embed

Инаку, богатството на славната дизајнерка се проценува на повеќе од 40 милиони евра, но нејзиниот став во квартот Клапаму изгледа сосема нормално.

https://www.instagram.com/p/B-fFV_MAIR0/?utm_source=ig_embed

Вивиен Вествуд е позната по ексцентричниот дизајн и експресивните креации, па во едно интервју изјавила дека дома нема ни телевизор.

https://www.instagram.com/p/CAc-5m7gNyM/?utm_source=ig_embed

Во секој случај, просториите изгедаат многу живописно, речиси натрупано, но во фокусот е самата авторка, средена за фотографиите што на својот инстаграм-профил ги ставил нејзиниот партнер Андреас.

https://www.instagram.com/p/B_VBvDPgjLz/?utm_source=ig_embed

И дома ги облекува своите креативни парчиња, комбинира разни текстури, фризура и шминка. Освен нејзините костими, голем хит се и парфемите, но и чевлите, што го карактеризираат нејзиниот театрален стил.

https://www.instagram.com/p/B_nD5TZAM4s/?utm_source=ig_embed

Вивиен е една од дизајнерките што се држат до својата приказна со години, има препознатлив стил, неверојатно е креативна и одлично манипулира со конструкцијата и силуетата.

https://www.instagram.com/p/CBBRnPkABR5/

Очигледно е дека нејзината уметничка душа ужива во секојдневните работи, како што е нормалниот живот и градината во која гордо одгледува повеќе видови цвеќиња.

Славната британска дизајнерка со децении учествува во разни светски акции и проекти што се залагаат за екологија и одржливост.

Раскошно: Ѕирнете во домот на Мила Кунис и Ештон Кучер, кој се продава по цена од 14 милиони долари (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.