Тајната на кралската фризура: Ќе ве изненади начинот на кој Кејт Мидлтон ја негува косата!

Кралски третман

Блескавата и здрава коса е сон на секоја жена, па еве како да имате фризура како војвотката!

Блескава и здрава коса полна со волумен е она што сите прво го забележуваат кај војвотката од Кембриџ.

Најверојатно си помислувате дека троши огромна количина на пари за одржување на таквата фризура, но се лажете.

Патот до коса како нејзината е поедноставен одошто мислите, а што е уште подобро, евтино е!

Иако звучи невозможно, Кејт ја негува својата коса со помош на состојки што веројатно веќе ги имате во кујната.

Фризерот на кралското семејство, Даниел Галвин, ја открива нејзината тајна.

Тој вели дека темелно измиената коса е главниот виновник за совршената фризура, а токму тој прочистувач за коса го прави самиот. Се работи за еден вид детоксикација на косата.

Се препорачува да се користи еднаш во два месеца, исто како што практикува и Кејт.

Ваквиот третман целосно ќе ја исчисти косата и ќе ги отстрани сите претходно нанесени препарати, па така косата веднаш ќе изгледа побујно.

Еве како се прави:

  • 1 лажичка витамин Ц во прав
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 1 лажичка масло од витамин Е
  • 1 лажичка кокосово масло

Измешајте ги сите овие состојки, па додајте една шолја врела вода и тоа е тоа. Нанесете ја мешавината на просушена коса и држете ја така неколку минути, па измијте ја.

Даниел тврди дека по ваквата нега, косата станува значително помека и попослушна.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.