11 реченици што не смеете да им ги кажувате на децата: Не уништувајте ја детската самодоверба!

Сите родители треба да знаат!

Не смеете да им го кажувате на децата, бидејќи лошо ќе им се одрази на психата и самодовербата

Секој родител барем еднаш му кажал нешто на детето поради што подоцна зажалил. Експертите тврдат дека зборовите оставаат длабока трага и тие можат да бидат конструктивни или деструктивни, па затоа многу треба да се внимава што ќе се изговори пред децата. Она што вам ви се чини наивно, може лошо да влијае врз детето.

Ова се речениците што никако не смеете да им ги кажувате на децата…

„Побрзај, пребавен си!“

Децата знаат да бидат бавни наутро кога се подготвуваат за на училиште. Ако им вршите притисок да бидат побрзи, ќе постигнете спротивен ефект. Иако доцните, немојте да викате на нив и да им наредувате, бидејќи така  нема да ги мотивирате.

Најдете помирен начин да ги забрзате работите. Еден од сигурните начини е да им предложите игра со тркање во облекување, бидејќи тоа ќе ги поттикне да бидат побрзи.

„Остави ме на мира“

На секој родител му треба време за одмор. Сепак, колку и да сте уморни, немојте да му кажете на детето дека ви пречи.

Одговорете му на посоодветен начин и најдете им занимација додека се одморате. Дајте им задачи за нивна возраст што ќе треба да ги завршат. Можете да им предложите да си играат додека не завршите. Но ако им ветите дека потоа ќе поминете време со нив, исполнете го ветувањето.

„Зошто не си како брат ти/сестра ти?“

Природно е да ги споредувате вашите деца, но тие не би требало да ве чујат, бидејќи тогаш можеби нема да се чувствуваат доволно добри.

Психолозите тврдат дека споредувањето најверојатно нема да им го промени однесувањето, туку само ќе го принуди детето да направи нешто што не сака или за што не е подготвено. Па затоа, никако немојте да ги споредувате со братот или сестрата, бидејќи така ќе ја уништите нивната самодоверба. Наместо тоа, мотивирајте го, охрабрете го и пофалете го кога ќе направи нешто добро.

„Вежбај додека не биде совршено“

Не постои ништо совршено, не е добра цел да се биде совршен, бидејќи такво нешто не постои. Така му испраќате порака на детето дека не се трудело и не вежбало доволно. Наместо тоа, кажете му дека вежбањето може да биде фрустрирачко и напорно, и дајте му некои примери за работи што детето ги истренирало и подобрило.

„Јас ќе го завршам тоа“

Нормално е родителот да му помага на детето додека реди сложувалка. Но ако прерано тргнете да му помагате, може да ја поткопате неговата независност. Обидете се да му дадете простор на детето да ја заврши задачата за да изгради самодоверба.

Секое разочарување е можност за детето да се соочи со секојдневните успеси и падови. Почекајте само да побара помош. Потоа, прашајте како би можеле да му помогнете да го реши проблемот.

„На диета сум“

Ако се грижите за вашата тежина, задржете го тоа за себе. Разговорот за физичкиот изглед може да доведе до тоа детето да развие нездрава слика за телото. Ако види дека се борите со начинот на кој изгледате, и тоа ќе си помисли дека мора да изгледа на одреден начин.

„Затоа што јас така кажав“

Многу родители ја изговараат оваа реченица кога брзаат.

„Знам дека денес сакаш да си играш надвор. Прво мораш да ја завршиш домашната. Што велиш подоцна да си играме надвор?“, кажете нешто во овој стил или нешто од типот „Многу би му бил од корист на семејството ако ми помогнеш да исчистам. Потоа може да си играме“.

Вака многу повеќе ќе ги заинтересирате одошто да го покажувате вашиот авторитет.

„Се’ би направил/а за тебе“

Можеби се чувствувате како да правите се’ за вашите деца, но немојте да им го вадите тоа низ нос. Не очекувајте дека ќе ви возвратат со благодарност или со добро однесување.

На пример, детето можете да го научите на благодарност ако го пофалите вашиот сопружник: „Колку вкусна вечера! Многу ти благодарам!“. Вака децата ќе научат дека убаво е некому да му се заблагодарите за нешто.

„Не е тоа толку страшно“

Можеби вам ви се чини неважно тоа што детето не било покането на роденденот на другарче од градинка или училиште, но тоа за него е голема работа. Ако го омаловажите тоа, ќе покажете дека не разбирате како се чувствува детето, и ќе го посрамите или збуните. Немојте да му судите, само сочувствувајте со него.

„Ти си лажго“

Дури и ако детето земе пари од вашиот паричник, со повишен тон ќе направите само да се чувствува лично нападнато.  Дознајте зошто лажело наместо да го обвинувате и отворено разговарате. Подобро е да му кажете дека може да ви се обрати ако му треба нешто, но не и да бидете лути. Секогаш обидувајте се да поттикнете разговор.

„Внимавај“

Овие зборови може да имаат спротивен ефект и поголема е можност дека детето нема да ве послуша. Подобро кажете му: „Веќе си било само кај другарчињата. Беше добар и знам дека можеш“. Психолозите тврдат дека тоа ќе ја изгради самодовербата на детето и ќе го подобри вашиот однос.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.