Оваа боја на коса е хит оваа есен: Топла, блага, женствена!

За секого по нешто

Есента е совршена за промена на имиџот

Додека летото се поврзува со посветли тонови на коса, доаѓањето на есента е совршено за нова нијанса и освежен стил.

Жените оваа есен тежнеат кон побогати бои на косата. Оваа година фризурите ќе бидат во знак на меките златни русокоси и кадифените бринети.

Стилистите предлагаат шест нови бои за коса оваа есен…

Чоколадно кафена

https://www.instagram.com/p/B1Y-tjxn4xr/?utm_source=ig_embed

Оваа навистина богата, бујна и кадифена нијанса носи топлина, но и доминација во изгледот на жената. Жените што ќе се одлучат за оваа боја на коса, нека ја виткаат во кадрици што е можно повеќе за да им дојде бојата до израз.

Златна бринета

https://www.instagram.com/p/B3wVkB1Be4f/?utm_source=ig_embed

Ова е совршена промена на бојата на коса за есенските денови. Ако не сте подготвени да ја затемните вашата руса коса, обидете се со златнокафена боја. Оваа боја ќе им дозволи на вашите златни кадрици да пробијат низ светлокафената коса. Така ќе ги имате сите бои на есента во косата.

Прамени во боја на мед

https://www.instagram.com/p/B4GndG7hZbw/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B4A0MiGHZ7f/?utm_source=ig_embed

Доколку имате темнокафена или кафена коса, збогатете ги прамените со боја на мед.  Тоа ќе и’ даде на косата доза на сјај, а вашиот имиџ ќе доживее трансформација.

Димензионално руса

https://www.instagram.com/p/B4PP0HeFzk4/?utm_source=ig_embed

Ако имате тенка коса, ова е вистинската боја за вас. Својата природна боја на коса нијансирајте ја со руси тонови, а притоа оставете го природниот корен на косата. Прамените нека ги содржат сите нијанси на топло руса боја.

Бакарна боја на коса

https://www.instagram.com/p/B1ZJGBLFX7I/?utm_source=ig_embed

Во текот на минатата година бакарната и црвената боја на коса беа вистински хит. Бакарните тонови се вообичаени за есен, па се може да ја пробате оваа боја на вашата коса. Ако црвената боја на коса ви е премногу интензивна, бакарните и портокалови прамени може да бидат добар премин во нешто ново, нешто што досега не сте го пробале.

Карамел-прамени

https://www.instagram.com/p/B0zFQY9AwRg/?utm_source=ig_embed

Ако имате богато кафена боја на коса, карамел-прамените се вистински избор за вас. Оваа боја ќе ви даде топлина и сјај, а овие прамени изгледаат одлично дури и коренот ќе нарасне.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.