Оваа боја на коса е есенски хит: Женствена, нежна и одлично им стои на сите!

Време е за промена на имиџот

Есента е идеално време за промена, а најдобро е да се почне од косата

Оваа есен ќе биде во духот на посветлите и потоплите тонови на косата, а особено ќе се истакнат две нијанси. Фризерите предвидуваат дека токму тие ќе бидат водечки тренд наредниве месеци.

Русите и кафени нијанси со црвенкав подтон сѐ почесто може да се види на улиците, а она што е најдобро кај овие бои е тоа што одлично им стојат на сите.

Оваа руса нијанса не е премногу светла, па одлично ќе изгледа без разлика дали имате посветол или потемен тен.

https://www.instagram.com/p/CFAKuj5jsP1/?utm_source=ig_embed

Експертите велат дека на вистински начин ќе ги истакне цртите на лицето и очите. Бојата е доволно интересна, па сигурно ќе бидете забележани каде и да се појавите.

Доколку, пак, повеќе сакате потемни нијанси, тогаш за вас е посветлата кафена со црвен отсјај, која исто така ќе биде многу популарна.

https://www.instagram.com/p/B1ZJGBLFX7I/?utm_source=ig_embed

За која и да се одлучите, ќе изгледате свежо, женствено и нежно.

10 најчести грешки што ги прават жените со бојосана коса: Престанете веднаш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.