Љубовта им цути: Хју Грант ужива на романтично патување со сопругата!

Знаат да уживаат

Парот изгледа вљубено исто како првиот ден

Хју Грант (60) и неговата сопруга Ана Еберстајн (41) биле фотографирани додека уживале во возењето со гондола во Венеција, каде што го поминуваат одморот.

Задоволниот израз на нивните лица открива дека одлично си поминуваат и дека уживаат во кратката пауза од деловните обврски.

Хју Грант и Ана се венчале во 2018 година, а пред тоа биле 6 години во врска. Актерот тогаш изјавил дека Ана му го променила погледот кон животот и дека без неа не би знаел што е вистинска среќа.

Само нејзе ѝ успеало да го скроти овој вечен ерген, а тој одлучил само за неа да застане пред олтар во 57-ма година од животот.

„Бракот секогаш беше нешто што го одложував и од коешто, слободно можам да кажам, се плашев. Помислата на заеднички живот и имањето деца не беше нешто што ме радуваше. Денес можам да кажам дека заедничкиот живот и бракот се една многу убава работа и можеби најдобрата одлука што сум ја донел. Тоа беше нешто од коешто свесно бегав со децении“, изјавил актерот.

Хју Грант ја отворил душата: „Помислата на брак и деца ме ужасуваше додека не ја запознав Ана“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.