Хју Грант ја отворил душата: „Помислата на брак и деца ме ужасуваше додека не ја запознав Ана“

„Таа ми го промени светот!“

Само нејзе и’ успеало да го скроти вечниот ерген

Хју Грант првпат го изговорил судбоносното „да“ дури на 57 години. Ана (40) успеала долгогодишниот ерген да го претвори во семеен човек.

Пред да си ветат дека остатокот од животот ќе го поминат заедно во мај 2018 година, биле во врска 7 години. Денес, тие имаат 3 деца, а актерот во едно интервју открил дека помислата на брак и деца го ужасувала.

https://www.instagram.com/p/BUXGjNWDoU4/

„Бракот отсекогаш било нешто што го одложував и од коешто, слободно можам да кажам, дека се плашев. Помислата на заеднички живот и чување деца не беше нешто што ме радуваше“, бил искрен.

„Денес можам да кажам дека заедничкиот живот и стапувањето во брак е нешто многу убаво и можеби е најдобрата одлука што сум ја донел. Тоа беше нешто од кое свесно бегав со децении.“

На прашањето зошто е тоа така, актерот одговорил:

„Едноставно не сум бил во право. Имав потполно погрешна претстава за бракот.

Претходно, кога некој ќе ми спомнеше деца и ќе се обидеше да ми објасни колку е тоа прекрасно, јас превртував со очите. Не сакав да слушам ништо за тоа. Сега знам дека сум згрешил. Се каам што порано не основав семејство. Кога би можел да го вратам времето, би го променил тоа“, искрено објаснил актерот.

Поради своите стравови од брачните води, во 2000 година ја прекинал врската со Елизабет Харли долга 13 години.

https://www.instagram.com/p/B6If5QQnN-7/

Во една прилика открил:

„Навистина не верувам во бракот. Во животот сум видел само 4 или 5 парови на кои им оди добро.“

Меѓутоа, кога ја запознал Ана, тој став паднал во вода. Се чини дека таа успеала да го промени неговиот поглед ко љубовта и да ги сруши сите предрасуди за бракот во кои верувал.

https://www.instagram.com/p/BjP_FcDBoT_/?hl=en

Хју и Ана се 7 години заедно и имаат 3 деца, синовите Џон и Феликс и ќерката Табита.

„Ана навистина успеа да го промени мојот поглед кон светот. Станав вистински семеен човек. Не ни знаев дека можам да бидам одличен во улогата на сопруг на татко.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.