5 бои во кои никако не смеете да ја бојосувате спалната соба: Шират лоша енергија и вознемиреност!

Одбегнувајте ги

Прочитајте во кои бои не би требало да ги бојосувате ѕидовите во вашата спална соба

Спалната соба е место каде што треба да се чувствуваме сигурно, пријатно и опуштено. А врз нашето расположение и енергија директно влијание има и бојата на ѕидовите.

Постојат бои што не се соодветни за спалната соба, бидејќи не го носат потребниот мир во неа.

Црна боја

Покрај тоа што ја затемнува собата, црната боја на ѕидовите создава илузија дека просторот е помал одошто навистина е. Иако мракот помага побрзо да заспиеме, темната страна на оваа боја е тоа што наутро потешко ќе стануваме. Ѕидовите обоени во црно психолошки ја намалуваат енергијата.

Неонски бои

Секогаш треба да ја одбегнувате употребата на неонски бои, бидејќи предизвикуваат возбуда и лоша енергија во спалната соба. Таквата атмосфера го отежнува опуштањето, а тоа е поентата на спалната соба. Наместо тоа, експертите препорачуваат употреба на посветли нијанси на сива и беж боја.

Жолта

Жолтата е многу поттикнувачка боја, бидејќи светлината најчесто ја поврзуваме со сонце. Иако веселиот тон можеби е одличен за почеток на денот, тие што ќе се одлучат за соба во оваа боја, најверојатно потешко ќе заспиваат навечер.

Црвена

Црвената боја како и жолтата е многу впечатлива. Може да предизвика чувство на немир или вознемиреност. Тие бои често се користат во маркетингот, бидејќи ги стимулираат сетилата, а тоа не е она што ви треба кога се обидувате да заспиете. Овие бои се посоодветни за места што поттикнуваат на активност.

Темнокафена

Темните бои носат чувство на тежина и мрак, што ја намалува мотивацијата за будење наутро. Меѓутоа, доколку сте љубители на темните бои, подобро е ги користите како бои за детали, а не како главна боја.

Овие се најдобрите бои за спалната соба според Фенг Шуи
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.