Откријте зошто користењето сув шампон е лошо за вашата коса

Фото: Getty Images

Секој вид на коса и скалп бара различна нега, и генерално не е лесно. Без разлика дали станува збор за виткана, права, густа или тенка коса и проблематична, мрсна или сува кожа на главата – неколку производи секогаш се вклучени во негата.

Некои луѓе сакаат природни производи, некои внимаваат бројот на овие производи да биде минимален, а некои имаат цела полица посветена само за нега на коса. Но, без оглед на кој тип припаѓате, меѓу препаратите сигурно имате шампон за суво миење на косата за кризни ситуации. Ако вашиот скалп е природно мрсен, а косата е тенка, користете сув шампон на неделно ниво. Но, дали некогаш сте се запрашале колку е здраво да се користи ваков шампон? Ви го пренесуваме одговорот на тоа прашање.

Кои се предностите и недостатоците на сувиот шампон за коса?

Луѓето користат сув шампон од повеќе причини. Како прво, сувиот шампон ќе собере вишок маснотии и ќе ја врати свежината на неизмиената коса кога немате време да ја миете. Исто така се користи од луѓе кои тренираат и им се поти скалпот и луѓе чија коса многу брзо се масти веднаш по миењето. Но, сувите шампони имаат еден голем недостаток. Имено, нивната употреба ги заглавува фоликулите, што доведува до раст на косата. Исто така, нивното користење може да доведе до губење на природниот сјај на косата. Поради овие последици, експертите советуваат да се избегнуваат суви шампони и да се користат само во итни случаи.

Прочитајте и: Која боја на коса ве подмладува, а која додава години?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.