Во новата сезона со нови здрави навики: Овој чудесен природен сок ја прави кожата сјајна

ФОТО: Shutterstock

Ако размислувате за детоксикација или воведување неколку нови навики во вашата дневна рутина, сокот од целер е она за што сите зборуваат во последниве години.

Сè започна со книгата „Медицински медиум“, од Ентони Вилијам, која го прослави сокот од целер. Овој бестселер лекувал голем број луѓе, а неговиот автор се смета за медиум, оној што прима пораки уште од најрана возраст и со тоа ги лекува луѓето со совети. Ако ја оставите таа приказна настрана, сокот од целер, како и моќта на храната, игра многу моќна улога во нашите животи. А целерот е една неверојатна намирница што првично ќе ве исчисти од токсини, особено метали, и ќе има позитивен ефект врз вашиот црн дроб.

Сокот од целер е многу лесен за правење, ќе ви треба соковник или блендер. Препорачливо е да го пиете на празен стомак наутро, 4 дл. Едноставно, ставете го во соковник или изблендирајте го и процедете го, а доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете и малку јаболко.

Сок од целер:

  • го чисти црниот дроб од метали, токсини, пестициди, хербициди
  • помага во лекување на автоимуни заболувања
  • има антиинфламаторно дејство
  • го детоксицира телото
  • помага при дијабетес
  • покренува серотонин
  • богат со витамин Ц, калиум, витамини Б2 и Б6, растителни влакна, железо, фолна киселина, магнезиум.

Прочитајте и: 5 намирници за зајакнување на имунитетот и спречување на грип и настинка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.