Која боја на коса ве подмладува, а која додава години?

Веруваме дека многу жени, особено оние после 50-тата година од животот, често размислуваат со каква боја да ја освежат нијансата на косата, сакајќи да направат промена, но не да биде драстична.

Ако сте со таква мисла, но немате конкретна идеја, можеби овој текст ќе ви биде од корист.

Постојат нијанси за коса кои едноставно ги бришат годините, но и оние што ги додаваат.

А ние ви откриваме и кои се:

Природна сива/седа нијанса

https://www.instagram.com/p/B3U_dcmJtME/?utm_source=ig_embed

Карантинот ги натера голем дел од жените да видат како би изгледале со нивната природно избелена коса. Стилистите за коса велат дека кај повеќето од нив, природната нијанса на седа коса е далеку подобро решение отколку некои бои за коса. Жените изгледаат многу помлади со природната боја на коса, па макар и седа, отколку со некоја несоодветна боја за коса, со која косата не само што изгледа оштетено, туку ја нагласуваат дополнително нечистотијата.

Кафена нијанса

https://www.instagram.com/p/B5QeRvtF1og/?utm_source=ig_embed

Повеќето жени кои во младоста имале темна коса, косата ја бојадискуваат во црна нијанса или многу темна кафена. Но, често тоа е погрешниот избор, бидејќи може да направи да изгледате побледо и постаро.Сепак, ако сакате потемна нијанса, нека биде кафена, односно чоколадно кафена, но користете и балајаж технника, со која ќе се добијат светли прамени и впечатокот ќе биде сосема поинаков. Совршена комбинација за сокривање седи влакна.

Руси нијанси

https://www.instagram.com/p/B3E2nhSDjJt/?utm_source=ig_embed

Најчесто, на жените што во младоста биле природно русокоси, во зрелите години одлично им прилега природна седа нијанса. Сепак, ако не ви се допаѓа тој избор, направете прамени во руса нијанса, вклучувајќи го и кореност. Руса нијанса и „бела“ седа коса се неверојатно добра комбинација, која „симнува“ години.

Црвени нијанси

https://www.instagram.com/p/CFx-GRunLa_/?utm_source=ig_embed

 

Со текот на годините, црвената коса ја губи виталноста. Премногу светлите нијанси на црвена додаваат години, па за да изгледате помладо, не одете во другата крајност, одбирајќи силни и темни црвени нијанси. Вистинскиот избор ќе бидат таканаречени „strawberry“ (јагода) нијанси. Нежни се, пастелни, не се досадни и лесни за одржување.

На што да кажете НЕ

Најголемата грешка што можете да ја направите е да одберете било која нијанса на боја за која која е премногу темна. Сакате да ја имате бојата кога сте имале 20 години? Тоа не е добра идеја. Вие немате веќе 20 години и ништо не ѝ додава години на зрелата жена колку што успева темната нијанса на коса. Мора да постои хармонија помеѓу бојата на коса со веѓите и трепките. Затоа, ако не сте сигурни, консултирајте се секогаш со стручно лице. А ако пак и овој текст ви беше од помош, потрудете се да ја направите промената сами, одбирајќи некоја нијанса од горе посочените.

https://www.instagram.com/p/CBypyhsJid3/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B9vH9JtJfeU/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CF5FMIupIC2/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CEIda8nJr-J/?utm_source=ig_embed

 

 

Фото:Инстаграм/гети

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.