Никому не му се допаѓа новата фризура на принцезата Шарлин од Монако: Изгледа бизарно и непримерно!

Експериментирање со стилот

Принцезата Шарлин во народот е позната и како „тажната принцеза“

Сопругата на принц Алберт од Монако, принцезата Шарлин, учествувала во раздавањето божиќни подароци, а за тој настан драстично го променила имиџот. Вообичаената боб фризура, 42-годишната Шарлин, ја заменила со half-hawk фризура, односно едната страна од главата ѝ е избричана.

За службеното појавување, Шарлин облекла златно-црна комбинација, како и светкава маска за лице.

Со новата фризура Шарлин се појавила и претходно истиот ден на крстарење на брод, што го носи името на нејзината ќерка, принцезата Габриела, но за таа пригода новата фризура ја сокрила со црна беретка.

Еден учесник на крстарењето на бродот изјавил за магазинот „Пипл“ дека одблизу и под беретката можело да се види дека слепоочниците и главата ѝ се целосно избричени, а новиот изглед на принцезата го опишуваат како „бизарен панк-стил“ и „апсолутно изненадување“.

Принцезата Шарлин оваа година веќе експериментирала со нови фризури па во еден момент се појавила со детски кркми.

На овој настан, придружба ѝ биле сопругот, принц Алберт и децата: Габриела и Жакус, кои само што го прославиле шестиот роденден.

Кратката коса на принцезата Дајана го полудела светот во 1980-те и 1990-те: Нејзиниот фризер ја открил тајната на совршената фризура!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.