Кратката коса на принцезата Дајана го полудела светот во 1980-те и 1990-те: Нејзиниот фризер ја открил тајната на совршената фризура!

Тајните на убавата коса

Како една од најмодерните жени во нејзиното време, секогаш кога претставувала нов стајлинг, обожавателите полудувале

Најсаканата британска принцеза Дајана трагично загинала пред 23 години, но светот никогаш не ја прежалил.

Британците и денес го помнат моментот кога во 1991 година храбро ја потстрижала косата и ја претставила новата кратка фризура, за која бил заслужен фризерот Сем Мекнајт.

https://www.instagram.com/p/CEjCaRyHnTE/?utm_source=ig_embed

Овој фризер и денес е еден од највлијателните во својот бизнис, а заслужен е и за фризурата на актерката Ема Корин, која ја глуми принцезата Дајана во серијата The Crown. „Вог“ пишува дека ликот на принцезата Дајана се појавува во популарната серија The Crown, која зборува за британското кралско семејство, а актерката добила посебен третман, па нејзината коса ја третирал на истиот начин како што го правел тоа со Лејди Ди.

„Добро е што Ема исто така има многу густа коса, слична каква што имаше и Дајана. На снимањето го правевме истото што го правевме порано и со принцезата – користевме врели виклери, а потоа ја прочешлавме косата и ставивме лак“, открил фризерот.

Како што нагласил, кај оваа фризура клучно е лакот да не е премногу јак за да може косата да се прочешла по ставањето лак.

Додал дека лаковите што ја лепат косат се идеални за залижани фризури, додека волуменот се постигнува со виклери и со чешлање на косата нагоре, па со благо лакирање за да остане фризурата на место.

Сем Мекнајт се грижел за фризурата на принцезата Дајана и на разните фотографирања за модни магазини, кога испробувале и залижани варијанти.

„Некој еднаш ми испрати видео во кое Дајана во едно интервју на прашањето кој е заслужен за зголемувањето на нејзината самодоверба, одговори: ‘Сем го направи тоа кога ми ја потстрижа косата.’ Се стопив. Тоа има смисла. Честопати нашиот став кон косата го покажува ставот и кон нас самите. Затоа, подготвеноста на промена на фризурата покажува подготвеност на многу други промени во животот. Убаво е да се биде некој кому луѓето му веруваат дека ќе им ја промени косата на најдобриот начин. Без разлика кои сте и од каде доаѓате“, заклучил фризерот.

Моден додаток со чија помош познатите дами ја трансформираат фризурата за миг (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.