Брижит Макрон во прекрасен капут кој ретко го купуваат жените: Дали е време да се промени тоа?

Погледнете!

Ви се допаѓа нејзиниот избор на капут?

Во склоп на обележувањето на Денот на европската градина, францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит Макрон, го посетиле гратчето Кондома, во кое се наоѓа хотелот „Полињак“.

Неговата изградба започнала во 1760 година, а од 1990 ја носи титулата историски споменик, што значи дека и официјално се наоѓа на пописот на важни француски културни градини.

Брижит и Емануел ги дочекал дожд на патот, а тоа на првата дама можело да ѝ направи мал проблем со оглед на комбинацијата што ја носела.

https://www.instagram.com/p/CFSaJrjqOVh/

Таа повторно ја покажала својата верност кон модната куќа „Луј Витон“ со изборот на нивниот капут во многу светла нијанса на розова боја, кој го искомбинирала со блуза во истата боја, со црни панталони и со црни чизмички до глужд.

https://www.instagram.com/p/CFUMG9Hn6vJ/

При купувањето капут, жените често се двоумат кога станува збор за модели во светли нијанси.

Со оглед на тоа што тие традиционално ѝ припаѓаат на зимската сезона во текот на која временските прилики се многу променливи, светлите капути можат да бидат проблематични за носење, бидејќи лесно се валкаат во влажни временски услови.

https://www.instagram.com/p/CFR-3dLHx5r/

Затоа повеќето жени два пати размислуваат пред да инвестираат во такво парче и попрво одбираат некоја помалку осетлива или потемна нијанса.

Како ви се допаѓа овој нејзин изглед?

Облечете се како Брижит Макрон: Лежерно а ефективно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.