Влијанието на крвната група врз слабеењето: Луѓето од овие две крвни групи тешко губат килограми!

Дали сте меѓу нив?

Дали сте знаеле дека вашата крвна група има врска со тоа дали слабеете или се дебелеете?

Луѓето кои имаат крвна група АБ + или АБ –, имаат потешкотии да го симнат вишокот килограми, тврди експерт за исхрана.

Имено, нутриционистот Сем Кан нагласува дека луѓето со овие крвни групи тешко ги менуваат навиките во исхраната и тоа веројатно е причината зошто имаат проблем со вишокот килограми.

Од друга страна, лицата со крвни групи 0+ и Б+ полесно губат килограми.

„Луѓето со крвна група Б+ имаат повисок базален метаболизам, поради што тешко се дебелеат“, објаснува доктор Сем.

Ако имате крвна група А, тогаш генетиката игра голема улога во тоа дали сте подложни на дебелеење или не.

Натуропатот Питер Џ. Д’Адамо смислил диета за секоја крвна група, тврдејќи дека намирниците што ги консумираме реагираат со нашата крв. Исто така, начинот на исхрана осмислен во согласност со крвните групи го забрзува метаболизмот и дигестијата.

Покрај тоа, може да го спречи развојот на разни болести. Со начинот на исхрана според крвната група што ја имате лесно можете да ја постигнете посакуваната тежина и да го продолжите животниот век.

Ова е златна крвна група: Ја имаат само 43 луѓе во светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.