Нека не ве лажат дека луксуз е да се оди во ресторан и на далечни патувања: Тоа нема никаква врска!

Еве што значи луксузен живот!

Вистинскиот живот е луксуз

Луксуз не е да се има нова облека, кармини, вечера во ресторан и накит. Вистински луксуз е да живеете онака како што сакате. Во удобна долна облека. Во удобни чизми. Со боја на кармин за усна што вам ви се допаѓа или без никаков кармин. Луксуз е храната што ја сакате, луксуз е да бидете пријатели со луѓето што ви се допаѓаат и да бидете заедно од љубов, а не од чувство на должност.

Научете како да се откажете од непотребните работи. Од она што застарело. Дотраело. И внимавајте што сакате.

Петгодишната ќерка на една жена целото свое детство го поминува јадејќи од иста лажица. Може да си го дозволи луксузот да јаде храна со одредена лажица. Нејзината мајка многу срамежливо ја оправдува нејзината навика, секогаш кога одат на јадење. Таа со себе носи прибор за јадење, каде и да оди. Детето не сака да јаде од пластична лажица.

Носете си своја лажица со себе ако сакате, без да ви е грижа што мислат луѓето за тоа. Луксузниот живот не зависи од тоа дали го заслужувате тоа. Тука се работи за достоинство.

Шолјата што ви ја подарила сестра ви. Маицата на татко ви во која ви е пријатно да заспиете. Торта по рецепт на мајка ви. Бакнеж за саканата личност. Интересни книги. Добри филмови. Квалитетни песни. Свежа постелнина. Чист стан. Животот што самите сте го одбрале.

Хулахопките може да се искинат. Тестото можеби нема да нарасне. Пријателите можеби нема да сакаат да го гледаат вашиот омилен филм. Саканата личност може да си замине. Можеби нема да добиете унапредување на работа. Сè може да се случи. Ако не успеете во нешто, тоа на ниту еден начин не влијае врз вашата вредност. Тоа значи дека работите едноставно не одат онака како што сакате.

Луксузен живот е можноста да одбирате. Проколнете ги искинатите хулахопки или купете нови. Фрлете ја питата и нарачајте суши или обидете се повторно да ја испечете. Погледнете го филмот сами или одете во кафуле со пријателите. Дозволете му да замине или борете се за него. Барајте нова работа или ревидирајте ги вашите цели на старата.

Луксузен живот е живот по сопствени правила. Чекорете кон своите цели. Не барајте изговори. Не оправдувајте ги вашите избори, соништа и интереси.

Кажете: „Не можеш да ми го правиш тоа.“ И кажете: „Јас можам“.

Пишувањето 5-минутен дневник ќе го промени вашиот живот, еве како да започнете
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.