ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 19 декември: Ве очекува разговор со надредената личност!

Астро-прогноза

Близнаците ги очекува успех, Девицата има премногу обврски, Јарецот е со стабилно здравје

ОВЕН

Инвентивни сте и имате деловни идеи. Колегите се воодушевени од вашиот предлог и го прифаќаат. Сте ги фокусирале страста и љубовта кон партнерот. Тој има впечаток дека врската е премногу интензивна. Стабилно здравје.

БИК

Ве очекува разговор со надредениот. Смета дека сте личност на која може да се потпре и го планира вашето учество во новиот проект. Ѝ покажувате емоции на симпатијата, но таа сѐ уште не е сигурна дали треба да влезе во врска. Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Фокусирани сте на обврските и свесни сте дека работата одлично се развива. Нетрпеливо очекувате успех. Ви проработиле емоциите и слободното време ѝ го посветувате на саканата личност. Размислувате на тема брак. Се чувствувате добро.

РАК

Деловната соработка со странци не се одвива на посакуваниот начин. Свесни сте дека ве игнорираат и нема да се изненадите ако ја прекинат соработката. Ви треба поддршка од партнерот, но ја немате, а тоа многу ве погодува. Притисокот ви е склон на варијации.

ЛАВ

Судењето не се одвива во ваша корист, за што сте свесни и прилично загрижени. Имате симпатија и полека се обидувате да ѝ се приближите. Сакате таа емоционално да се отвори кон вас. Ве очекуваат старите познати проблеми со ревмата.

ДЕВИЦА

На работа ве очекуваат премногу обврски и проблеми што не успевате да ги надминете. Иако сте во врска, имате проблем да ги покажете вашите емоции на спонтан и отворен начин. Партнерот чека да се опуштите. Лоша циркулација.

ТЕРЕЗИЈА

Задоволни сте од ситуацијата на работа, бидејќи е стабилна. Правите нови планови со цел понатамошен развој на бизнисот. Незадоволни сте од односот со партнерот. Ви пречи што го форсира првенствени физичкиот аспект од врската. Внимавајте на респираторните органи.

СКОРПИЈА

Ситуацијата на работа е комплицирана. Додека некои обврски ги решавате рутински, некои проблеми изискуваат повеќе внимание и труд. Емоциите ви се постојани и целосно ѝ се посветувате на саканата личност. Ве очекуваат проблеми со забите и посета на стоматолог.

СТРЕЛЕЦ

Работата ви се одвива како што сакате, без стрес и проблеми. Опуштени сте и сѐ завршувате навреме. Инсистирате на зачестена комуникација со симпатијата. Другата страна сѐ уште не е подготвена да влезе во врска. Апетитот ви е зголемен.

ЈАРЕЦ

Работите ги извршувате една по друга, дури и паралелно, повеќе во исто време. Забрзани сте и, што е најдобро, сѐ ви тече како подмачкано. Ви се допаѓа личност за која не сте сигурни дали е слободна или не. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Првенствено ве интересираат парите, така што приоритет им давате на обврските што овозможуваат брз прилив на финансии. Одличен ден за ново познанство. Ви се допаѓа енергичниот и позитивен став на другата личност. Дигестивниот систем ви е прилично осетлив.

РИБИ

Амбициозни сте, вредни и желни за успех. Работата ја извршувате на брз и ефикасен начин. Во контакт сте со личност што сте ја запознале неодамна. Не сте сигурни дали другата страна сака пријателство или врска со вас. Здравјето ви е солидно.

Овој хороскопски знак има најголемо срце: 5 причини зошто се подобри од сите други знаци!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.