Направи сама: Применете ги овие 4 чекори кога сами ја бојосувате косата и успехот ви е гарантиран

Бојосувањето на косата е еден од најбрзите начини да го промените својот изглед

Бојосувањето на косата е еден од најлесните, но и најефектните начини да го освежите својот изглед. Но многу жени не се осмелуваат на овој чекор дома – поради потенцијалните катастрофи.

Кога станува збор за посета на фризерски салон, тогаш обично цените се превисоки, извесно е и долго чекање, а позитивниот резултат од бојосувањето не е секогаш загарантиран.

Од друга страна пак, бојосувањето во домашни услови може да остави трајна трага на вашата омилена облека, а може да се случи и да излезете од дома со боја „а ла зебра“! Значи, потребни ви се професионални совети за бојосување на косата!

Ако ве загрижуваат… ГОЛЕМИТЕ ТРОШОЦИ

Распрашајте се за цените за бојосување на косата во вашиот град. Ако првпат се бојосувате, изберете искусна фризерка и не жалете да платите и малку повеќе пари. Следното бојосување (на израстокот) може да го направи и некоја друга фризерка, во салон со пониски цени, а можете и вие дома. За подолго одржување на сјајот на бојата еднаш неделно применете го овој трик: по миење и употреба на регенератор, косата измијте ја со чаша вода во која сте додале лажичка јаболков оцет. Потоа уште еднаш измијте ја косата со вода (мирисот на оцетот сосема ќе исчезне!).

Ако ве загрижува… ВДИШУВАЊЕТО АМОНИЈАК

Денешните бои за коса не содржат амонијак, така што можете да ја избегнете оваа непријатност. Со овие нови формули освен што нема да вдишувате амонијак, тие се и помалку штетни за косата.

Ако ве загрижува… ОШТЕТУВАЊЕТО НА КОСАТА

Семиперманентните бои за коса се понежна алтернатива. Тоа помалку го оштетуваат влакното, бидејќи не продираат во подлабоките слоеви. Ако сепак сакате да примените трајна боја, можете да употребувате препарати што содржат хидрирачки состојки, особено оние што содржат масла. Исто така, еднаш неделно ставајте маска на косата, а пред бојосувањето косата испрскајте ја со заштитно средство.

Ако ве загрижува… ХАОСОТ

Клучна е соодветна подготовка за бојосување. Облечете стара памучна маица што ќе ја носите само кога се бојадисувате. Покријте ја површината на која ќе ја мешате бојата, а садот држете го со стара крпа, кеса или со весник. Пред да почнете со постапката, прочитајте кои реквизити ви се потребни –  четка, чешел, огледало, ракавици. Сега можете да ги испробате и боите во пена, кои се многу попрактични, бидејќи нема капење и прскање!

У&З-избор:

Со боите за коса Explicit од Aura можете да ја осветлите, затемните или целосно да ја промените бојата на косата.

Но не заборавајте да ја земете предвид бојата на кожата, очите, па дури и на облеката што најчесто ја носите.

Ако, пак, сами ја бојосувате косата, нанесете ја фарбата со специјална четка за бојосување Aura Original.

 

Направи сама! Применете ги овие четири чекори кога се бојадисувате дома и успехот во е гарантиран

1 Направете мала проба Пред бојадисувањето, нанесете од бојата на „скриено“ перче (зад увото) за да проверите дали е тоа бојата што ја посакувате.

2 Заштитете ја косата За да не ја обоите кожата, втријте малку вазелин во линијата на растот на косата и, се разбира, носете ракавици!

3 Правилно нанесувајте ја бојата

Насочете го апликаторот од шишенцето со бојата кон темето. Бојата нанесувајте ја од коренот кон краевите, а потоа исчешлајте ја косата.

4 Мерете го времето Наместете аларм ако е потребно. Почекајте да помине назначеното време во упатството за бојадисување. Потоа измијте ја косата со млака вода.

У&З-избор:

Хемиски третираната коса е дополнително осетлива на надворешните влијанија, па за да ѝ обезбедите соодветна нега и заштита, но и долготрајност на бојата, испробајте ги производите од линијата INSIGHT COLORED HAIR.

Маслото од макадамија и екстрактот за заштита на бојата се состојките што ќе ви го осигурат саканиот ефект.

Производите за коса Insight се создадени во специјализирана лабораторија во Италија. Тие претставуваат синергија на древна мудрост, растителни екстракти и масла, чисти органски состојки, а важна компонента на производствениот процес е етичкиот пристап кон природата, која е наша инспирација.

Секоја од линиите производи Insight е создадена со уникатни формули, кои се базираат на активни состојки од сертифицирани култури со органско потекло. Придржувајќи се до највисоките стандарди за квалитет, ниту еден од производите на секоја од линиите НЕ содржи: вештачки бои, алергени, силикони и парабени. Производите присутни во повеќе од 20 земји во светот побарајте ги и во Македонија!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.