Кога ќе ве фати криза за солено: Соленки со сусам и ким

По ваш вкус!

Овие соленки ќе ви се најдат за ненадејни гости, но и за вас при криза за солено!

Овие соленки со сусам и ким може да стојат многу долго време, па добро е да ги сместите во кутија што добро се затвора или да ги замрзнете. Побарајте ги и другите рецепти на Елена Андоновска на нејзиниот инстаграм-профил @pomojvkus.

Состојки:
  • 1 кг брашно
  • 250 г путер
  • 200 мл масло
  • 1 печиво
  • 1 лажица сол
  • 1 јајце за премачкување
  • ким, сусам и други зачини по желба
Приготвување:

1. Замесете лепче од горенаведените состојки и поделете го на два еднакви дела, од кои ќе треба да исукате две кори со дебелина од околу 5 мм.

2. Премачкајте ја секоја од корите со претходно разматено јајце, па наросете сусам. Поминете со сукалото врз сусамот за подобро да се залепи. На истата страна со сусамот може да додадете и вегета или зачин со лук.

3. Внимателно превртете ја кората од другата страна и повторно премачкајте со јајце, па наросете ким. На истата страна од кората може да ставите црвен пипер или буковец. Повторно лежерно поминете со сукалото врз кимот.

4. Исечете ленти со дебелина од 1 см и секоја лента завртете ја со помош на прстите како спирала. Соленките наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, сè додека соленките добијат жолто-кафена боја.

Уживајте во ова крцкаво задоволство!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.