Бохо-плетенката на Хејли Бибер е хит-фризура за лето 2022 (ФОТО)

Ве инспирираме

Хејли Бибер дефинитивно беше ѕвезда на доделувањето на наградите „греми“, позирајќи на црвениот килим со сопругот Џастин Бибер.

Фустанот на Сен Лоран што манекенката го носеше на црвениот тепих веднаш стана инспирација за годинешната сезона на венчавки, а сега експертите за убавина предвидуваат дека и нејзината фризура, лежерната бохо-плетенка, ќе стане летен хит.

Иако оваа фризура изгледа како онаа што ја носиме кога сме дома или кога одиме на факултативна прошетка низ градот, Хејли не’ поттикнува да го промениме ставот – овие плетенки се достојни дури и за црвениот тепих (елегантни или свечени пригоди), особено кога се во комбинација со соодветна шминка и додатоци. Искрено, навистина ни се допаѓа овој исчекор!

Дали ви треба уште некој доказ? Рози Хантингтон-Вајтли прошета слична фризура на нејзината промоција на новата линија кармини во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rose Inc (@roseinc)


Значи, поентата е косата лежерно да се исплете во плетенка, а неколку прамени слободно да паѓаат врамувајќи го лицето.

Не само што изгледа „шик без напор“ туку е и фризура која е совршена за топлите летни денови кога сакаме да ја тргнеме косата од лицето. А, во однос на изборот на шминка и накит, лесно ќе ја трансформирате од дневна во вечерна варијанта, притоа изгледајќи еднакво добро.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.