Овој производ дефинитивно е најлош за бубрезите: Речиси 90 отсто од луѓето секојдневно го јадат!

Внимавајте

Кога ќе го прочитате ова, добро ќе размислите следен пат пред да ја јадете оваа храна

Истражувањето покажало дека речиси 90 отсто од луѓето претпочитаат да го започнат денот со сендвич, а речиси секогаш, составен дел од овој утрински оброк е и шунката. Многумина не се ни свесни колку е таа штетна по здравјето. Експертите советуваат да внимаваме со оваа храна.

Најпрво, треба да се истакне дека шунката содржи и некои добри нутриенти, но предизвикува и една несакана последица – ја задржува водата во телото.

За да има добар вкус, на овој производ му се додаваат големи количини на сол, а според податоците што ги објавило американското министерство за земјоделство, во 85 грама димена шунка има дури 830 милиграми натриум.

Токму затоа, честата консумација на шунка доведува до задржување на водата во телото, отекување на зглобовите, стапалата и дланките.

Тука не е крајот на негативните последици. Високата количина на сол може да го влоши задржувањето на водата кај оние што имаат висок притисок, со што го зголемува и притисокот на крвните садови, зголемувајќи го ризикот од инфаркт или мозочен удар. Исто така, може да го забрза и губењето калциум од коските, што по подолг временски период може да доведе до сериозни проблеми со коските.

Освен тоа, големата количина на сол директно влијае негативно врз бубрезите и црниот дроб.

Нутриционистите советуваат да јадете шунка, но умерено. Исто така, добро би било по оброкот да испиете и голема количина на вода.

Ги разоруваат бубрезите, а редовно се на речиси сечија трпеза: Што побрзо исфрлете ги овие 3 намирници од исхраната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.