Ги разоруваат бубрезите, а редовно се на речиси сечија трпеза: Што побрзо исфрлете ги овие 3 намирници од исхраната!

Совет на лекари

Внимавајте на тоа каква храна внесувате во организмот

За бубрезите правилно да функционираат, треба да се внимава каква храна внесувате во организмот. Овие 3 намирници особено негативно влијаат врз овој орган.

Докторите велат дека можат да ја забават работата на бубрезите, но и да предизвикаат создавање песок. Сепак, на многумина редовно им се на трпезата. Попаметно би било да ги исфрлите овие намирници од исхраната или барем да ги сведете на минимум.

1. Црвено и преработено месо

За да не ги оштетите бубрезите, не би требало да јадете повеќе од три порции црвено месо неделно. Големата количина на црвено месо е поврзана со терминалниот стадиум на бубрежната болест. Експертите препорачуваат од исхраната да ги исфрлите и преработките од свинско месо. Според обемна анализа која опфаќала 23 истражувања, консумацијата на салами, шунка, сланина и колбаси го зголемува ризикот од развој на малигнитети на бубрезите.

2. Компир

Убедливо најпопуларна храна, не само кај нас, туку и секаде во светот. Меѓутоа, треба да бидете внимателни со овој зеленчук доколку имате некаков проблем со бубрезите. Овој зеленчук е богат со калиум, што негативно влијае кај луѓето кои имаат напредната хронична бубрежна болест. Откриено е дека пациентите со бубрежни проблеми кои имале голема количина на калиум во серумот порано умирале од оние кај кои нивото на овој минерал бил понизок.

3. Газирани пијалаци

Според истражувањата, консумирањето газирани сокови во голема мера ги оштетува бубрезите. Експертите откриле дека кај оние што пиеле повеќе од четири вакви сокови секоја недела постои значително поголем ризик дека ќе развијат хронична бубрежна инсуфициенција.

Исчистете ги бубрезите за 15 дена на природен начин: Брз и лесен рецепт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.