Фризурата што го „полуде“ светот е идеална за жени со тенка коса

Време е за бикси!

Бикси – фризурата што беше актуелна во 1990-тите, а главни промоторки беа Винона Рајдер, Камерон Дијаз и Гвинет Палтроу.

Претпоставуваме дека сега ви е малку појасно како изгледа, но сега ни доаѓа во подобрено, подобро издание. Варијанти во бикси-фризура носеа и Мајли Сајрус, Зои Кравиц и Флоренс Паг.

Самиот поим „бикси“ е комбинација од двете најпопуларни кратки фризури – боб и пикси. Идеална е за девојки со слаба, мека, тенка коса, без разлика дали е права или брановидна, бидејќи ѝ дава волумен.

Експертите за фризури велат дека кандидати за бикси не се девојки кои имаат многу густа и цврста коса.

Инаку, може да се носи на патец, залижана или со шишки, како што ви одговара.

Доколку сакате да го освежите изгледот, а не сакате драматична промена, ова е фризурата за вас!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.