Џесика Честејн се облекла за „оскар“: Дали ова е најубавиот фустан на сите времиња?

Неверојатно

Бајковитото издание на занесната актерка го потпишува „Гучи“

Актерката Џесика Честејн освои „оскар“ за главна женска улога во филмот „Очите на Теми Феј“.

И како да знаела дека токму таа ќе ја земе оваа престижна награда, Џесика се облекла за „оскар“.

Актерката за оваа свечена пригода носела фустан со пастелни нијанси во омбре стил. Бајковитиот фустан е дело на модната куќа „Гучи“.

Џесика со овој фустан носела дијамантски обетки, алка и прстен, кои придонеле за нејзиниот неверојатен изглед.

На актерката на црвениот килим ѝ се придружил нејзиниот сопруг Џан Лука Паси де Препосуло, кој изгледал одлично во темен костим.

Како ви се допаѓа ова нејзино издание?

Дали ѕвездите беа поубаво облечени на забавата по „оскарите“ отколку на свечената церемонија? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.