Фризерка открила 2 трика што ги бришат годините од лицето: Одржувањето на косата е едноставно, а ќе изгледате младолико!

2 работи се клучни

Британската фризерка открила трикови што ги бришат годините од лицето, додека стилизирањето и одржувањето на косата ќе бидат поедноставни

Со текот на годините нашето тело видливо се менува, а покрај тоа што годините оставаат трага на нашата кожа, видливи се и промените на квалитетот на косата. Освен што проседува, стареењето може да влијае врз нашата коса на повеќе начини.

Изборот на вистинската фризура може да биде од пресудно значење и да направи да изгледаме помладо и позаводливо. Бојата на косата исто така може да биде значајна, додека британска фризерка открила со помош на кои трикови можеме да ги избришеме годините од нашето лице.

„Што се однесува до бојата, секогаш предлагам да одберете една-две нијанси посветла ако сакате да изгледате помлади. Прамените се особено добра идеја“, објаснила таа и додала:

„Во спротивно, потемната коса се истакнува и додава неколку години плус.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)


Жените честопати се во дилема и кога станува збор за должината на косата, додека многу фризери советуваат пократка коса, поради полесното одржување и стилизирање. Исто така, квалитетот на косата, со текот на годините слабее, па затоа попрактично е да се има пократка коса.

Меѓутоа, фризерката објаснува дека должината не мора да биде пресудна и дека ако се чувствуваат привлечни, повозрасните дами можат да носат и долга коса.

„Што се однесува до фризурата за постари жени, многумина се одлучуваат за пократка коса, но ако нема посебна причина за тоа, односно се чувствуваат привлечно и со долга коса, нема потреба од потстрижување“, заклучува фризерката.

Најдобрите фризури со кркми за есен 2022 година: Ги бришат годините од лицето и секому одлично му стојат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.