Го нарекуваа најгрдиот актер, а тој се ожени со убавица: Сега 26 години помладата љубовница му родила дете

Станал татко

Актерот Мајкл Шин станал татко третпат кога 26 години помладата партнерка му родила ќерка

Холивудскиот актер Мајкл Шин неодамна третпат станал татко кога неговата девојка Ана Лундберг се породила со нивното второ дете, а среќната вест ја споделиле на Инстаграм.

Убавата актерка се породила во мај, по што обелодениле дека добиле уште една ќерка, која ја крстиле Мабли.

53-годишниот Мајкл и 27-годишната Ана се родители и на 2-годишната ќерка Лира, додека тој има и 23-годишна ќерка Лили со поранешната партнерка, актерката Кејт Бекинсејл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Lundberg (@anna_lundbergs)

Да се потсетиме, кога се дозна дека една од најубавите жени на светот Кејт Бекинсејл е во врска со, како што многумина го нарекуваа, „талентираниот, но непривлечен актер“ Мајкл Шин, на многумина не им се веруваше.

Се прашуваа како ја освоил и тврдеа дека му паднала лажичката во мед, меѓутоа кратко откако стапиле во брак, во Холивуд почнале да кружат приказни дека Шин е неверен.

Во еден момент се зборуваше дека истовремено е со три жени, а јавноста не престануваше да се прашува што гледаат тие жени во него.

Потоа следувал бурен развод, а долго се шушкаше дека неговата сегашна избраничка Ана, која е 26 години помлада од него, е главниот виновник што се распаднала неговата последна врска, односно дека таа му била љубовница.

Инаку, Мајкл освен со Кејт, со која бил во брак од 1995 до 2003 година, е познат и по врските со балерината Лорејн Стјуарт, холивудската миленичка Рејчел Мекадамс, американската водителка Кери Киган и познатата комичарка Сара Силвермен.

Шин, поради врската со девојка која е на иста возраст како и неговата ќерка, се нашол на удар на критики, но може да се каже дека актерската двојка ужива во својата среќа и дека за сега не им обрнува внимание на критиките. Изгледа дека само на Ана ѝ успеало тоа што не можела да го стори ниту една пред неа – да го смири и да го врзе за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Lundberg (@anna_lundbergs)

Кејт Бекинсејл e како виното, а тоа го потврдува и оваа фотографија!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.