Список на 5 најдобри јадења од Катар што секој треба да ги проба: На прво место е специјалитетот што Македонците го обожаваат

Специјалитети

Катар има специфична кујна што ги воодушевува сите гурмани и љубители на добрата храна

Поради Светското првенство во фудбал, Катар стана држава што во последно време предизвикува голем интерес за културата и тамошниот начин на живот. Важи за една од најбогатите држави на светот, а специфичната кујна ѝ дава посебен печат.

Ви предлагаме неколку специјалитети карактеристични за арапските земји, меѓу кои е и Катар.

1. Фалафел

Топчињата пржени во длабоко масло се направени од леблебии и фава-грав, а љубителите на зачинета храна го обожаваат овој специјалитет. Ова е традиционално јадење од Блискиот Исток и се служи во пита-леб. Фалафел може да најдете и кај нас, а идеална замена е за месо, бидејќи има сличен вкус.

2. Шаварма

Шаварма е популарно јадење од Блискиот Исток кое се состои од различни видови месо: јагнешко, пилешко, мисиркино, говедско, телешко и мешавина од овие видови месо. Се служи на чинија со вообичаените додатоци или завиткано во меко тесто, слично на тортилја, кори од пита или палачинка. Многумина ја споредуваат шавармата со гиро.

3. Мајбус

Овој специјалитет се состои од ориз и месо кои се послужуваат на истиот послужавник. Се смета за национална јадење во сите земји од Арапскиот полуостров. Како и другите јадења, и мајбусот содржи разни зачини на кои ретко кој може да им одолее.

4. Салона

Салона претставува арапска чорба за која се верува дека има бедуинско потекло. Се прави од пилешко месо, а наместо пилешко може да се користи и риба, говедско месо, како и јагнешко. Чорбата е исто така многу зачинета како и другите јадења.

5. Кузи

Кузи важи за едно од ирачките национални јадења, додека како и повеќето други, се базира на ориз и месо. Се послужува со многу бавно варено јагнешко месо, печени ореви и суво грозје врз оризот.

Рецепт на денот: Мачканица од хумус со ореви и лимон
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.