Фризерите откриваат како најдобро да ги покриете седите влакна: Не мора да ја бојосувате целата коса!

Косата ќе ви изгледа поздраво и погусто

Фризерите откриваат кој е најдобриот метод за покривање на седите влакна, без притоа да морате да ја бојосувате целата коса

Без разлика дали се обидувате да покриете неколку седи влакна или повеќе, важно е да разберете кои техники на бојосување коса се најдобри за покривање на седите.

Кога влакното ќе престане да произведува пигмент и ќе стане бело, неговиот надворешен слој, познат како кутикула, станува подебел и посув. Ова може да ја направи косата поотпорна на впивање бои, што го прави покривањето на седите влакна поголем предизвик одошто е обичниот процес на бојосување коса.

Постојат две решенија: потполно нова боја на коса или вклопување на седите влакна во нијансата што ја носите со години.

Многу фризери им советуваат на дамите babylights извлекување прамени, како најдобра техника на бојосување за покривање на седата коса.

Babylights се исклучително тенки прамени, многу потенки од класичните прамени, со кои се прошарува косата, а создаваат ефект на природен сјај, односно визуелно ѝ даваат димензија и волумен на косата. Овој начин на бојосување на косата додава различни тонови и секој од нив има можност да заблеска. Во текот на бојосувањето се земаат и бојат што помали прамени.

Освен очигледните предности што ги има оваа техника на прамени за волуменот и живоста на косата, таа исто така ги истакнува и цртите на лицето и очите, бидејќи посветлите прамени се сместени покрај лицето, па со самото тоа ќе добиете и помладешки изглед.

Овој метод помага седата коса да се камуфлира со додавање контрастна светла боја. Не ги покрива седите влакна и нема да ги направи незабележителни, но ќе ги направи помалку видливи.

Техниката може да се приспособи во зависност од бојата, текстурата на косата и количината на седи влакна што ги имате. Ситните прамени подобро ќе ја истакнат посветлата нијанса на коса и ќе ги камуфлираат седите. Од друга страна, доколку вашата природна боја е многу темна, во тој случај можете да додадете карамел прамени и тоа ќе има ист ефект како кај светлата коса, советуваат фризерите.

Овие славни дами НЕ ЈА КРИЈАТ СЕДАТА КОСА – еве што имаат да кажат за тоа
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.