Славната актерка го кажа судбоносното ДА: Беше со најголемиот заводник на светот, но на крајот нејзиното срце го освои ТОЈ

Свадбени ѕвона

Славната актерка Маите Перони се омажила за својот избраник Андрес Товар

Славната мексиканска ѕвезда Маите Перони „рипнала во тавче“. Имено, актерката одлучила да му каже ДА на својот избраник Андрес Товар.

Среќната вест Маите ја споделила на својот инстаграм-профил со црно-бела фотографија.

„Успеавме! Правејќи ги првите чекори од животот што сакаме заедно да го градиме, опкружени со нашето семејство и Господ, добивме благослов“, напишала актерката.


Маите имала две венчаници на свадбата. Едната ја носела на самата венчавка, а другата ја облекла за забавата.

Првата венчаница била проткаена со мотиви од тантела, додека долниот дел од венчаницата го красел долг тил што имал прорез од страните, додека превезот ѝ дал посебен печат. Другиот фустан бил малку поскромен и него го носела за церемонијалниот дел од венчавката.

Инаку, Маите остана запаметена по улогата на познатата Маричу, во серијата „Напуштениот ангел“, во која ја играше партнерката на еден од најголемите заводници, Вилијам Леви.

За време на снимањето пламнале искри меѓу нив, па запловиле во љубовна врска. Иако многумина сакаа тие да останат заедно, љубовта сепак пукна под притисокот на јавноста и неговите афери.

Маите се прослави со серијата „Бунтовници“, која ѝ беше отскочна штица за напредок во кариерата.

Обвинет е дека сопругата ја изневерил 80 пати, силувал малолетничка, а таа се му прости: Актерот нема гајле за туѓите чувства
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.