Принцот Хари и Меган првпат видени во јавност по погребот на кралицата: Не ја симнале насмевката од лицето!

Повеќе не тажат за Елизабета

Принцот Хари и Меган Маркл првпат се појавиле во јавност по смртта на кралицата Елизабета Втора, а еве што правеле

Принцот Хари и Меган Маркл се вратиле во Америка по погребот на кралицата Елизабета Втора, а сега првпат биле видени во јавност од тој настан.

Внукот на кралицата и неговата сопруга продолжиле понатаму, па очигледно решиле да се опуштат малку и да заборават на проблемите забавувајќи се на концерт на Џек Џонсон, во амфитеатарот во Санта Барбара, Калифорнија.

Војводата и војвотката биле уловени како танцуваат и разговараат со друштвото во посебно ограден дел од амфитеатарот, а Хари со изливи на нежност покажал колку ја сака Меган, па неколку пати ја прегрнал околу половината.

Меган, наводно, пристигнала на концертот околу 20 часот, а Хари пристигнал еден час подоцна, па заедно уживале во забавната вечер.

Кралската двојка деновиве ги полни медиумските наслови поради својата несигурност за серијата што би требало да излезе во соработка со Нетфликс.

Имено, со големата и позната платформа Нетфликс, тие снимиле документарец кој моментално се монтира, а двојката наводно не е задоволна од тоа како излегло сето тоа на крајот.

Биле откриени информации дека двојката не е задоволна од тоа како се прикажани одредени сцени, иако тие самите зборуваат за сѐ, па сега се плашат од прикажувањето на серијата по смртта на кралицата.

Наводно, сега размислуваат дали серијата воопшто треба да биде пуштена во јавноста.

Нивниот документарец вреден 100 милиони долари требаше да се појави на Нетфликс во декември оваа година, по последната епизода од серијата „Круна“, но според добро информираните извори, тие барале серијата да се одложи до следната година.

Хари и Меган во конфликт со Нетфликс: Во паника се, сакаат да отстранат делови од документарецот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.