Дермокозметичка експертиза за здрава и убава коса: DERCOS by VICHY

Високо ефективна нега на косата и скалпот

Резултатите се видливи од коренот до врвот на влакното.

Сите оние што побрзаа да го купат новиот број на списанието „Убавина и здравје“ знаат дека со магазинот добиваат и примерок од новата линија за врвна нега на коса на „Виши“ – DERCOS.

Збогатени со активни состојки, шампоните и кондиционерите DERCOS обезбедуваат високо ефективна нега на косата и скалпот. Резултатите се видливи од коренот до врвот на влакното.

Линијата е сочинета од:

 

DERCOS: пилинг-шампон против првут

Благодарение на комбинацијата на моќни состојки, DERCOS MICRO PEEL е шампон што врши пилинг, го отстранува првутот и интензивно го чисти скалпот, враќајќи и’ го микробиомот на главата.

За жени и мажи, за сите типови на првут и чувствителен скалп на главата.

 

DERCOS шампон за регулација на маснотијата и себумот

За коса што лесно се мрси.

Шампонот е наменет за мажи и за жени.

Го спречува мастењето на косата, враќајќи и’ ги еластичноста и волуменот.

 

 

DERCOS Densi Solutions – шампон за тенка и безживотна коса

Ја отстранува нечистотијата од скалпот и ја ревитализира косата од коренот на влакното.

На косата и’ ги враќа јачината, дебелината и волуменот – за коса со здрав изглет и квалитет.

Се препорачува за жени што имаат проблем со проретчување на косата, недостиг на густина и масна коса.

DERCOS Densi Solutions шампон за јака и густа коса, полна со волумен!

DERCOS Densi Solutions – регенератор за тенка и безживотна коса

Регенератор за тенка, слаба и безживотна коса.

Хидрира, го подобрува квалитетот на микробиомот на главата и ги враќа дебелината и густината на косата.

DERCOS Densi Solutions регенератор за коса со здрав изглед и волумен!

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време