Мини-тест: Како работи вашето срце?

Измерете го бројот на срцевите отчукувања во положба на мирување

Што точно испитуваме? Физичката кондиција.

Како да го направиме тоа? Потребна ви е штоперица. Ставете ги показалецот и средниот прст на радијалната артерија на рачниот зглоб, измерете го бројот на отчукувањата за 20 секунди и помножете го резултатот со три. Направете го ова во лежечка позиција, целосно опуштени.

Резултат: нормалниот срцев ритам во состојба на мирување треба да изнесува од 60 до 100 отчукувања во минута. Колку е побавен вашиот срцев ритам толку поефикасно срцето ја пумпа крвта низ крвотокот и тоа укажува на добра физичка кондиција (маратонците понекогаш добиваат резултати и под 50). Ако бројот на отчукувањата на вашето срце е над 100 или под 60 (доколку не сте спортисти) и ако почувствувате дека „прескокнува“ отчукувања или дека има неправилен ритам, задолжително одете на лекар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.