Дали вашата коса прерано белее? Еве како да го спречите тоа

Корисни совети

Фото: Getty Images

За тоа кога на некој започнува да му белее косата најголемо влијание има генетиката, но и животниот стил – исхрана, стрес, здравје…

Третмани за коса

Постојат одредени третмани дизајнирани за скалпот за да се спречи предвременото појавување на бела коса, а тие може да се користат во секое време кога сметате дека на вашиот скалп му е потребно малку повеќе внимание и грижа. Наједноставниот третман би бил со регенератор за коса кој би можеле да го масирате во скалпот.

Сепак, постојат и голем број на домашни лекови кои можат да го забават или спречат белеењето на косата и да ја вратат косата во живот.

Шампон од јајца (полн со протеини и аминокиселини) – измешајте едно јајце со малку вода и тријте во косата и оставете 30 минути да дејствува, а потоа исплакнете и измијте со благ шампон за коса.

Кокосово масло – масирајте го кокосовото масло во скалпот, оставете го да отстои половина час и потоа добро исплакнете го па користете шампон.

Јогурт – масирајте го во скалпот и оставете да отстои половина час пред да го исплакнете.

Митови и реалност

Постојат одредени верувања дека ако откинете едно бело влакно, две ќе пораснат на негово место, што не е точно. Сепак, многу луѓе кои штотуку почнуваат да добиваат бели влакна, честопати не можат да ја избегнат потребата да отстранат едно или две од нив. Реално, ова за жал нема смисла, затоа што нема да спречи понатамошно белеење на косата, ниту ќе спречи да расте нова бела коса на местото на откинатата. Исто така, неопходно е да се потенцира дека белата коса е всушност транспарентна коса, односно коса без пигмент, што го отежнува нејзиното бојадисување.

Останете млади

Стресот игра голема улога во тоа како изгледа вашето тело и дали тоа ќе биде здраво. Иако е многу тешко да се ослободите од стресот во денешниот живот, ако сакате да го задржите вашето здравје и младешки изглед колку што е можно подолго, што вклучува помалку бела коса, обидете се да пронајдете начини да го намалите.

Ако пушите – откажете се! Научно е докажано дека пушењето предизвикува предвремено стареење, а со прекинување на пушењето, циркулацијата во вашето тело ќе се подобри, а со тоа и ќе се намали белата коса.

Водата никогаш не е доволна! За здравјето на организмот, потребно е да се пие најмалку два литри вода на ден, за да се елиминира потребата од храна која ја зголемува дехидрираноста, а тоа е масна и зачинета храна и пржена храна, потоа алкохол и кофеин. Недостаток на вода во организмот ги спречува потребните хранливи материи да ја достигнат целта – скалпот.

Не го заборавај спиењето и одморот бидејќи на телото очајно му е потребно опоравување. Премалку спиење доведува до пребрзо распаѓање и стареење на косата.

Прочитајте и: 7 фризури кои се тотален АУТ во 2020: Повеќе никој не ја носи косата вака! (ФОТО)

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.