Домашните миленичиња имаат бројни придобивки за здравјето на луѓето, а овие се само некои од најзначајните

Неверојатен ефект на здравјето

Миленичињата нè прават среќни, нивното присуство има позитивен ефект врз здравјето затоа што го зголемува чувството на безбедност и заштита, а интеракцијата со домашно милениче предизвикува лачење на окситоцин – љубовен хормон кој предизвикува чувства на среќа и доверба, објаснуваат психолозите.

Присуството на домашно милениче во домот може да го подобри квалитетот на животот и да придонесе за подобро физичко и ментално здравје на луѓето што живеат во него. Една американска студија открила дека луѓето кои го носат своето домашно милениче на прошетка имаат 54 проценти повеќе енергија во текот на денот.

Без разлика дали сте под стрес или уморни, кога ќе се вратите дома и вашето домашно милениче започнува да скока од радост кога ве гледа, вашето расположение автоматски се подобрува.

Тоа ќе ви даде вистинска и безусловна љубов и ќе ви го збогати животот. Присуството на куче, мачка или друго животно е клучно за вашето расположение. Домашните миленици се покажаа како ефикасен антидепресив затоа што нивното присуство го зголемува чувството за безбедност и заштита.

Сигурни сме дека знаете дека миленичињата им даваат на своите сопственици безусловна љубов и пријателство, но можеби не сте знаеле за некои од овие придобивки:

Расположение

Миленичето ќе го подобри вашето расположение кога сте под стрес или се чувствувате вознемирени и сето тоа за неколку минути. Тоа ќе го стимулира ослободувањето на серотонин, хормонот на среќа, што ќе доведе до физичка промена, што ќе ви помогне да се опуштите и да уживате во моментот. Исто така, времето поминато со домашно милениче ќе го намали холестеролот, нивото на хормонот на стрес.

Понизок крвен притисок

Една студија открила дека луѓето кои имаат домашни миленици исто така имаат помал крвен притисок. Ова не значи дека домашно милениче може да замени здрава исхрана и вежбање, но тоа сигурно може да помогне во одржување на здрав крвен притисок.

Срце

Една долгогодишна студија открила дека луѓето кои никогаш немале домашно милениче, исто така, имаат 40 проценти поголема веројатност да имаат срцев удар.

Повеќе вежбање

Луѓето кои имаат кучиња, особено големи, се поактивни од оние кои немаат. И 30-минутната прошетка ќе ви овозможи да ги задоволите минималните дневни потреби за вежбање.

АДХД

За оние кои страдаат од АДХД, нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание, милениче е одличен начин за ублажување на симптомите. Секојдневните задачи на хранење, чистење, прошетка и слично ќе ги подобрат вашите вештини за планирање и ќе ве научат на уште поголема одговорност. Ова е особено точно за децата, кои на тој начин ќе потрошат вишок енергија, што ќе им помогне да спијат подобро.

Алергии

Запознавање на дете со домашно милениче за време на неговите рани години ја намалува веројатноста за развој на астма и алергии. Влакната од миленичињата и микроорганизмите, кои се шират низ воздухот, ќе помогнат да се изгради имунолошкиот систем на вашето дете за борба против инфекции, кои се појавуваат на рана возраст.

Болка

Домашните миленици исто така играат голема улога во рехабилитацијата, и физички и психички. Тие обезбедуваат безусловна љубов и поддршка, што го подигнува расположението и добросостојбата на пациентот, што пак ја намалува болката.

Прочитајте и: Домашни миленичиња и пливање во море: Да или не?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.