7 фризури кои се тотален АУТ во 2020: Повеќе никој не ја носи косата вака! (ФОТО)
Време е за промена
Овие фризури конечно заминуваат во заборав
Некои жени постојано се подготвени да експериментираат со косата, додека други се одлучуваат за една фризура која им прилега и можат да ја носат со години, па и децении.
Во која група и да припаѓате, можеби сега е вистинското време за промени, бидејќи следниве 7 некогаш многу популарни фризури не се носат повеќе. Напротив, се сметаат за тотално застарени.
1. Совршено рамен боб
https://www.instagram.com/p/B_y-HqaAE99/?utm_source=ig_embed
Фризурите под конец станаа здодевни. Наместо совршено рамен боб, сега се апсолутен хит романтичните бранови и видливата текстура.
https://www.instagram.com/p/ByCMNC3HC_B/?utm_source=ig_embed
2. Неуредна пунџа
https://www.instagram.com/p/CAIbvtZj29k/?utm_source=ig_embed
Сосема спротивно од фризурата боб, кај оваа фризура намерната несреденост повеќе не е во тренд. Повторно се носат совршени, уредни пунџи.
https://www.instagram.com/p/CAJVxB3pCw_/?utm_source=ig_embed
3. Старински минивал
https://www.instagram.com/p/CAC4h60A55u/?utm_source=ig_embed
Оваа техника некогаш беше исклучително популарна и одвреме-навреме се враќаше во мода. Се врати и сега, но без премногу совршен изглед, како и без агресивни препарати кои ја оштетуваат косата. Сега нежниот минивал со природен изглед е апсолутен хит.
https://www.instagram.com/p/B8aWXOOBfA3/?utm_source=ig_embed
4. Старомодни форми
Освен што не се во мода, овие фризури визуелно ви додаваат години. Наместо нив, одлучете за некоја помодерна варијанта што подмладува.
5. Тапирање на темето
https://www.instagram.com/p/B5vZeV_Bbm3/?utm_source=ig_embed
Кога се појави, оваа фризура веднаш беше прифатена, бидејќи додава волумен. Сега изгледа речиси смешно.
6. Кркми под конец
https://www.instagram.com/p/B-YA5MiDhul/?utm_source=ig_embed
Кркмите можат да бидат полн погодок за вашата фризура или тотална утка. Сѐ зависи од тоа како ќе ги стилизирате. Немојте да ги пеглате под конец, подобро е да ги провлечете малку низ четка колку да добијат форма.
https://www.instagram.com/p/CAEjx3Ng1I1/?utm_source=ig_embed
7. Вештачки кадрици
https://www.instagram.com/p/B238ipMHns-/?utm_source=ig_embed
Кадриците како оние на барбика никако не се во мода. Нивна замена се нежни бранови кои изгледаат природно.
https://www.instagram.com/p/CAIlwhJhW1h/?utm_source=ig_embed
Според вас, кој е најлошиот тренд на фризура што некогаш се појавил? Споделете со нас во коментари!
Се прави за 2 минути и одлично им стои на сите: Ова е моментално најпопуларната фризура!