Дали сакате бисери? Носете ги во косата!

Еве како!

Вистински или лажни – тие нека бидат вашиот нов израз на женственоста!

Во центарот на вниманието

Златното венче со бисери ќе го привлече вниманието, без разлика на вашата одлука едноставно само да ја пуштите косата слободно да паѓа.

Романтична црта

Бисерната шноличка ќе внесе пресврт во секоја приказна. Не плашете се да ја спарите со уште една!

Гламурозна увертира

Синџир од бисери на кој се надоврзува ниско коњско опавче носи модерен призвук, но и изобилство комплименти.

Посебен акцент

Широката лента украсена со бисери добро ќе кореспондира со сите должини на косата и ќе биде круна на вашиот стајлинг.

Впечатливо, повпечатливо – највпечатливо

XXL-бисерите во косата и околу вратот ќе испратат смела порака и ќе го „набилдаат“ модниот впечаток.

Текст: Владимир Трајковски (Atelje Trajkovski)

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.