Бидете единствени и истакнете ја својата посебност: Стоп за сезонските проблеми со кожата

Изложувањето на сонце може да остави трајни последици на вашата кожа. Експертите откриваат како да ги решите најчестите сезонски проблеми со кожата.

ХИПЕРПИГМЕНТАЦИИ

Дали на лицето ви се појавија темни дамки речиси прекуноќ? Тие имаат име – хиперпигментации, а резултат се на вишокот меланин (пигмент што влијае на бојата на кожата, косата и на очите), кој се произведува во кожата.

Иако постојат неколку вида хиперпигментации, две се најчести во текот на летните месеци, бидејќи се предизвикани од сончевото зрачење.

Лентиго или дамките се појавуваат на лицето и на другите делови на телото што се изложени на сончевата светлина, како рацете и грбот, независно од другите знаци на фотооштетување – ситните линии и брчките.

Друг тип е мелазма.

Таа се манифестира во вид на темнокафени дамки на челото, образите, брадата и над усните, симетрично од двете страни на лицето.

Поврзана е со хормонските промени, како што се бременост и менопауза, како и примена на контрацепциски пилули.

Изложувањето на сонце ја влошува состојбата, затоа што кога УВ-зраците ќе „удрат“ на кожата, меланоцитите произведуваат пигмент за да се заштитат од оштетување.

ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ?

Доколку не сте сигурни каков вид пигментација имате, најдобро е да закажете преглед на дерматолог. Тоа ќе ве спаси од непотребно трошење пари за производи што не се делотворни.

И не само тоа – ќе ја избегнете можноста за влошување на состојбата поради примена на несоодветни препарати.

 

За хиперпигментациите предизвикани од сонцето, витаминот Ц е сигурен лек.

Помага за инхибиција на ензимот тирозиназа, кој поттикнува производство на меланин, а повеќето дерматолози се согласуваат дека серумите со витамин Ц спречуваат влошување на состојбата.

Антиоксидативниот третман LiftActiv (препорачаната цена на производот е 1.947 денари) со чист витамин Ц и хијалуронска киселина подлежеше на клиничко тестирање, кое потврди дека овој серум докажано ја осветлува и ја зацврстува кожата за само десет дена.

Пробајте го и концентрираниот серум за чистење дамки и пеги Anesi Luminosity (цена 950 ден. во shop.depileve.mk). Со тесен апликатор, серумот прецизно се нанесува директно на темните дамки. Концентрираниот серум содржи активен комплекс за избелување, на природна база, Gatuline@ Spot-Light, екстрахиран од киви и багрем.

Содржи цитокински ботанички фактори за растење, кои ги намалуваат густината, големината и бојата на темните дамки. Нанесете го директно на дамката и потоа нанесете крем за заштита од дамки и пеги со СПФ 50.

Кога станува збор за секојдневно отстранување нечистотии од лицето, избегнувајте средства за чистење со натриумови сулфати и мирис, затоа што може да ја нарушат pH-рамнотежата на кожата и да овозможат размножување на лошите бактерии, што ја ослабува кожната бариера и ја прави подложна на пигментации.

Пробајте ја пената за секојдневно длабинско и темелно чистење на кожата на лицето Neostrata Skin Active Exfoliating Wash, која содржи полихидроксилни киселини, алое вера, камилица, краставица и рузмарин.

Од голема помош се и техниките за опуштање, бидејќи мелазмата може да биде последица на стресниот живот или неправилното функционирање на штитната жлезда. Затоа вклучете вежби на дишење и самомасажа во својата дневна рутина.

СУВА КОЖА

И додека воздухот е повлажен налето и има хидратантен ефект на кожата, сончевите зраци предизвикуваат нејзино сушење. Имено, кожата губи течност и сол поради потењето, а сонцето ја нарушува нејзината способност за задржување на влагата, намалувајќи го нивото на природните масла помеѓу клетките во горните слоеви на дермисот.

Значи, на сувата кожа ѝ недостигаат вода и масти, а на дехидрираната само вода. Важно е да ја знаеме разликата, бидејќи со нанесување богат крем за лице можете да ја оптоварите кожата со липиди, додека, пак, нејзе ѝ е неопходна вода.

Знаци за дехидрираност на кожата се затегнатост, губење на сјајот и појава на ситни линии, кои се повидливи од вообичаено.

ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ?

На истиот начин на кој ја избирате облеката налето, па таа е посветла и потенка, така би требало да ги избирате и производите за нега. Ако продолжите да нанесувате производи за хидратација на кожата во дебел слој, таа би можела да стане мрзлива. Зошто?

Прекумерното навлажнување на кожата испраќа сигнал во резервоарите на вода да запрат со нејзино производство. Кожата станува „тромава“ и ѝ недостига влага, што придонесува да посегнете по уште потешки формули, интензивирајќи го проблемот на тој начин.

Всушност, целта е на кожата да ѝ се дадат алатките што ѝ се потребни за вршење добра работа.

Посегнете по хидратантна водичка за лице и нанесувајте ја неколкупати во денот. Термалната изворска вода Avene Eau Thermale (околу 750 ден.) се формира со спојување на подземните води на планините Севен и извира од длабочините на земјата по пат долг 40 години.

Нејзината чистота и стандардната температура од 25,6 степени, богатството со елементи во траги и силикати, благодарение на долгогодишниот пат, имаат корисно дејство и благотворно чувство на кожата. Во случај на сува кожа, може да помогнат уште некои навики.

Освен што секој ден треба да пиете два литри течности, потрудете се да консумирате храна богата со вода, како јаболка, боровинки, моркови и лубеница.

АКНИ ОД ПОТ

Рутината на вежбање дома е мошне пожелна. Вежбањето ја подобрува циркулацијата, па клетките и ткивата се добро снабдени со кислород и кожата е во одлична состојба. Но кога ќе завршите со тренингот, почнувате да се ладите и потта се суши.

Епилог на сето тоа е тенок слој сол, вода и бактерии на кожата – совршена почва за размножување на природните бактерии. Иако повеќето од нив нема да ви наштетат, доколку се размножат околу фоликулите на влакната или во порите, тоа може да резултира со појава на акни.

Ако вежбате на отворено и редовно нанесувате средство со СПФ – секоја чест за вас! Меѓутоа, и во тој случај вашата кожа може да почне да се однесува лошо. Вишокот пот, во комбинација со заштитниот фактор, може да го предизвика непријатното сценарио, особено ако не ја исчистите кожата по тренингот, а склони сте на акни.

 

ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ?

Пред вежбањето, нанесете хидратантен крем на водена основа на лицето. Лесните формули брзо ја хидрираат кожата, а не содржат емолијанси (состојки што додаваат масло во епидермисот за да ја омекнат кожата, а чие впивање може да потрае).

По секој тренинг, темелно исчистете ја кожата со Effaclar Foaming Gel (препорачаната цена е 767 денари за пакување од 200 мл и 1.151 ден. за пакување од 400 мл).

Неговото моќно дејство за прочистување се базира на комбинација од цинк и гликацил, кој го елиминира вишокот себум, а притоа нуди антиинфламаторно дејство и се бори против размножувањето на микробите во епидермисот.

Збогатен со термалната вода La Roche-Posay, ги спречува сушењето и чувството на затегање и ги смирува црвенилото и воспаленијата на кожата.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.