Само ова ни требаше: Најлошиот ретрограден Меркур досега, многу неповолни аспекти

„Не ни се пишува добро“

Фото: Getty Images

Од 27 септември, Меркур се движи ретроградно и тоа во знакот на терезија, единствената добра вест е што е ова последен ретрограден Меркур за 2021 година

Најчесто споменуваната планета во секојдневниот живот Меркур, се движи ретроградно се до 18 октомври, но нејзиното влијание ќе го чувствуваме се до 4 ноември.

Овој пат Меркур има навистина мнгу лоши  и „напнати“ аспекти заедно со Нептун, Плутон и Марс. Ни подоцна аспектите нема да бидат баш „сјајни“, но ќе бидат за нијанса полесни од сега. Периодов акцентот е ставен на сообраќајот, што не значи дека би требало да паничите и да не возите, но пожелно е да внимавате 3 пати повеќе од вообичаено.

Сепак, нешто за што никој не зборува, а астролозите велат дека е многу поважно од ретроградниот Меркур е Плутон, која половина година се движи ретроградно, а оваа планета е позната по тоа што руши се до темел, но и одново гради. Оваа есен Плутон ни ги врати во животот „старите драми“ но токму од оваа седмица тој тргна „директно“ и ни дава нови прилики и добри околности за остварување на нашите цели и соништа.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.