5 најдобри природни масла за коса: Користете ги на овој начин ако сакате да имате бујна и здрава коса!
Дознајте повеќе
Природните масла за коса благотворно влијаат врз здравјето и квалитетот на косата, го спречуваат нејзиното опаѓање и го забрзуваат нејзиниот раст
Доколку досега не сте користеле природни масла, бидејќи сте мислеле дека вашата коса ќе стане масна, ви предлагаме да заборавите на тоа и да прочитате кои се најдобрите природни масла за коса.
Маслиново масло
Маслиновото масло не е само важен дел од здравата исхрана, туку и многу ефикасен начин на нега и зајакнување на косата. Содржи природни антиоксиданси и омега-3 масни киселини кои ја зајакнуваат структурата на косата и ја штитат од оштетувања од слободни радикали и ултравиолетови зраци. Покрај тоа, маслиновото масло е исто така погодно за масажа на скалпот. Користете го маслото 1-2 пати неделно и по неколку употреби со сигурност ќе видите резултати.
Кокосово масло
Кокосовото масло не само што има волшебен тропски мирис, туку има и силно ревитализирачко дејство. Благодарение на високата количина на витамин Е, кокосовото масло ја негува косата однатре правејќи ја мазна и сјајна. Исто така, маслото е богато со лауринска и капринска киселина – природни антисептици и антиоксиданси. Тие го штитат скалпот и ја зајакнуваат неговата природна бариера.
Арганово масло
Аргановото масло со причина се нарекува течно злато. Тоа е едно од најскапите и најефикасните масла. Аргановото масло (познато и како мароканско масло) е богато со витамин Е, омега-3 масни киселини и антиоксиданси кои буквално можат да ја оживеат оштетената коса. Покрај тоа, за разлика од другите масла, аргановото масло е речиси немасно, што овозможува секојдневна употреба и не создава дополнителни тешкотии при измивањето.
Масло од авокадо
Маслото од авокадо, како и самото овошје, содржи протеини, здрави масти, есенцијални аминокиселини и витамини (А, Д, Е и Б6), поради што ги санира настанатите оштетувања на косата. Маслото од авокадо е прилично интензивно и густо, така што може донекаде да ја залепи косата, намалувајќи го волуменот.
Рицинусово масло
Идеално е за поттикнување раст на нова коса. Богато е со витамин Е, минерали и протеини. Маслото, исто така, содржи антиоксиданси кои го одржуваат нормалното ниво на кератин во косата, правејќи ја цврста и мазна. Покрај тоа, помага во контролата на процесот на губење на косата, а благодарение на своите антимикотички својства, одлично е против првут. Во продавниците одбирајте рицинусово масло ладно пресувано (слично на маслиново масло) и користете го како маска 2-3 пати неделно.