3 едноставни трикови за совршени кадрици без загревање на косата

Без разлика дали имате долга коса или боб, секојдневните кадрици се совршен избор за сите прилики. Можете да ги носите во вечерните излегувања, за време на деловни состаноци или на прошетка низ градот.

Друг плус на оваа фризура е што не треба да бидете особено талентирани кога станува збор за стилизирање на косата и дека нема да ја оштетите косата со виткање или пегла. Ви донесуваме три начини на кои можете да направите убави бранови без да уклучите фен за коса, исправувач на коса или фигаро за виткање на косата.

Романтични бранови

Вакви бранови најдобро би било да се прават пред спиење. Измиената и малку влажна коса ќе ја поделите на два дела. На левата и десната страна на косата ќе направите плетенка од извртување на две кадрици, кои ќе ги врзете во полжав. Спијте со два полжави од двете страни на главата, а наутро ќе се разбудите со убави бранови.

Виткање со ластичиња за коса

Многу едноставен начин за виткање на косата е правење полжав по целата глава, што ќе го прицвстите со ластичиња за коса. Можете да направите полжави наутро и да ги оставите на главата до вечерта или да спиете со нив.

Кадрици од плетенки

За овие кадрици потребно е да се направат две „рибји плетенки“ на секоја страна од главата додека косата е сè уште влажна. Премачкајте ги плетенките со мус за коса, по можност за виткање и оставете ја косата да се исуши целосно. Растворете ги исушените плетенки и зацврстете ги со лак за коса.

https://youtu.be/N6QE-hHPCPo

Прочитајте и: Древните третмани за убавина не можат да бидат заменети со ниту еден нов производ!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.