Откриена е новата врска на Кејти Холмс: Ова е 8 години помладиот партнер што ја освоил славната актерка!

Официјално уловени!

Холивудската актерка повторно е емоционално исполнета

Веќе некое време се шушка дека Кејти Холмс (41) повторно е заљубена, а сега папараците ја уловиле во романтични моменти со осум години помладиот готвач Емилио Витоло (33).

Судејќи по фотографиите што настанале во еден ресторан во Менхетн овој викенд, славната актерка повторно е среќна во љубовта.

Кејти му седела во скут на својот сакан, а потоа размениле неколку страсни бакнежи.

https://www.instagram.com/p/CE3FkpuFW0J/?utm_source=ig_embed

Облечена во бела маица во комбинација со панталони, без ронка шминка и со неуредна пунџа, Кејти не го испуштала својот избраник од прегратка.

Витоло е сопственик на ресторанот кој е омилено место на многу холивудски фаци како Џастин Бибер, Бредли Купер, Ријана…

Инаку, Кејти Холмс зад себе има неуспешен брак со колегата Том Круз, со кого има ќерка Сури (13).

Поранешната сопруга на Том Круз е бремена, никој не знае кој е таткото – Кејти Холмс го крие новиот избраник?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.