Миризлив куглоф со овошје и чоколадо: Десерт за десетка!

Мек како душа

Најубавата комбинација на вкусови на светот

Состојки:
  • 300 г брашно
  • 100 г чоколадо
  • 1 прашок за печиво
  • 4 јајца
  • 100-150 г шеќер
  • 100 г суво грозје
  • кора од лимон
  • ванилин шеќер и рум шеќер
  • 150-200 г малина
  • вишни и цреши, по желба
  • 200-250 мл јогурт
  • 120 мл масло
Приготвување:

Изматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво, суво грозје со кора од лимон, ванилин шеќер и рум шеќер, јогурт и масло и сето тоа измешајте го. Поделете ја смесата на помал и поголем дел.

Во помалиот додајте го стопеното чоколадо и измешајте. Калап за куглоф премачкајте со масло и посипете го со брашно.

На дното сипете една лажица од светлиот дел, па одозгора една лажица од чоколадниот, па во два реда наредете овошје. Протресете го куглофот за да се изедначи убаво. Печете околу еден час на 200 степени.

Оставете го потполно да се олади, па извадете го од калапот. Посипете го со шеќер во прав по желба и со ванилин шеќер.

Сладок шарен куглоф со јогурт: Мек миризлив колач без маргарин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.