Сладок шарен куглоф со јогурт: Мек миризлив колач без маргарин!

Супер рецепт

Погледнете колку лесно се приготвува

Состојки:
  • 4 јајца
  • 300 г брашно
  • 2 лажици какао или 100 г чоколадо
  • 2 лажици млеко за какао
  • кора од половина лимон
  • 100 мл масло
  • 200 мл јогурт
  • 100 г суво грозје
  • малку рум
  • 100 г шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
Приготвување:

Изматете јајца, додајте брашно со прашок за печиво, кора од лимон, масло, јогурт, ванилин шеќер, рум и сето тоа добро измешајте го. Одвојте една третина од тестото.

Измешајте го какаото со млако млеко, па ставете го во тестото што сте го издвоиле и добро изедначете, а во светлиот дел додајте суво грозје.

Калапот за куглоф подмачкајте го со масло и посипете го со брашно. На дното сипете го светлиот, па темниот дел и продолжете така додека го потрошите материјалот. Измешајте малку со помош на дршка од лажица, за да биде пошарено.

Печете на 180-190 степени, 50-60 минути. Исечете го кога целосно ќе се олади.

Штрудла со џем: Неописливо совршенство од вкусови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.