Вашата летна фитнес-рутина ќе биде многу полесна со помош на овие совети

Летно вежбање со мали совети и трикови

Со олеснување на мерките, стариот живот полека се враќа во нормала. И токму тоа значи да се вратите на старите навики и рутините за вежбање што сте ги имале порано. Но, другата приказна е дали сте подготвени за вистински летни фитнес-рутини?

Вистинските навики за фитнес во голема мера се поврзани со вашиот ум и менталитет. Емили Скај, основач на „Емили Скај ФИТ“, вели дека тоа е најмоќната алатка за фитнес што ја имате во вашиот ум. Умот е во голема мерка поврзан со вашето размислување затоа што тоа е начин на размислување кој мора да биде доволно силен за да го засака вашето тело како што е и да работи максимално на вашата самодоверба и перспектива. Ако се поставите така, вежбањето е многу полесно и со задоволство ќе се вратите на тоа со радост.

Најважниот совет што можете да го добиете, а се однесува на вашата фитнес-рутина, е да се држите до себеси. Не се споредувајте со другите и не гледајте што прават и како прават другите, туку стремете се само кон она што го сакате. Токму за тоа треба прво да бидете свесни во вашата глава за да ги стекнете и одржите вистинските навики за фитнес. Не дозволувајте да заглавите во прелистување на социјалните мрежи што може да ве одведе на сосема друга патека.

Расположението секогаш можете да го подигнете со добри песни кои можат да ве мотивираат, и во никој случај не заборавајте на хидратацијата, особено за време на летните месеци. Кога пиете доволно вода, ќе се чувствувате поенергично, будно и подобро.

Сите овие ритуали во голема мера ќе помогнат во обликувањето на вашата рутина за вежбање и режимот на фитнес, и тие важат за секое време од годината.

Прочитајте и: Зајакнете ги и обликувајте ги потколениците со овие 3 вежби

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.