Фројд тврдел дека во животот ништо не е случајно: Ги среќаваме само оние што веќе постојат во нашата потсвест!

Зборови на големиот ум

Познатиот психоаналитичар го објаснил животот во 26 тези

Познатиот психијатар и психоаналитичар Зигмунд Фројд дал свое толкување за бројни животни недоумици. Некои од нив долго време наидувале на остри оспорувања или биле потполно отфрлано, додека современата наука уживала во бројните негови заклучоци за човечката психа и однесување.

Ние ви откриваме 26 тези на Фројд кои ги сублимираат основните животни постулати за кои се залагал и во кои верувал.

26 тези на Фројд:

1. Колку побеспрекорен е човекот однадвор толку повеќе демони има однатре…

2. Не случајно се одбираме едни со други… Ги среќаваме само оние што веќе постојат во нашата потсвест.

3. За жал, потиснатите емоции не умираат. Принудени се да молчат. И однатре продолжуваат да влијаат врз човекот.

4. Задачата за создавање среќен човек не влегла во планот за создавање на светот.

5. Сами доаѓаме на светот и сами го напуштаме.

6. Оние што сакаат многу – запознале жени, оние што сакаат една – запознале љубов.

7. Постојано ги бараме силата и поддршката однадвор, а треба да ги бараме во себе. Таму отсекогаш и биле.

8. Повеќето луѓе во суштина не сакаат слобода, бидејќи таа подразбира одговорност, а повеќето луѓе се плашат од одговорност.

9. Кај трудољубивиот човек ретко доаѓаат неработници на гости – мувите не летаат кон лонец што врие.

10. Во Средниот век би ме запалиле мене, сега ги палат само моите книги.

11. Понекогаш цигарата е само цигара.

12. Љубовта и работата се камен темелник на нашето човештво.

13. Зависта е разорна.

14. Ние не сме секогаш лишени од грешките поради кои им се смееме на другите.

15. Не постои ништо поскапо од болеста и нејзиното игнорирање.

16. Масите никогаш не ја познавале жедта за вистината. Ним им требаат илузии, без кои не можат да живеат.

17. За сексуална девијација може да се смета единствено отсуството на секс, сè останато е ствар на вкус.

18. Ништо не се плаќа толку скапо во животот колку болеста и глупоста.

19. Првиот човек што фрлил навреда наместо камен бил творец на цивилизацијата.

20. Првиот знак на глупавост е целосното отсуство на срам.

21. Толкувањето на соништата е кралскиот пат кон несвесното.

22. Секој човек има желби што не им кажува на другите и желби што не си ги признава дури ни самиот на себе.

23. За човекот својствено е најмногу да го цени и сака она што не може да го постигне.

24. Единствениот човек со кого треба да се споредувате себеси сте вие во минатото. И единствениот човек од кого треба да сте подобри – тоа сте вие сега.

25. Човекот никогаш не се откажува од ништо, туку само заменува едно задоволство со друго.

26. Поголемиот дел од вашиот идентитет се одредува со големината на проблемите што можат да ве извадат од такт.

10 брутални животни вистини од Сигмунд Фројд што ќе ве освестат: „Целта на животот е смртта – прифатете го тоа!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.